Земјотрес со јачина од 6,9 степени го погоди рускиот регион Камчатка

April 3, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Земјотрес со јачина од 6,9 степени се случи во рускиот регион Камчатка, пренесува Анадолу.

Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за итни состојби на Русија.

Во соопштението се наведува дека земјотресот со јачина од 6,9 степени се случил на длабочина од околу 100 километри.

Се вели дека нема загинати или повредени во земјотресот во Камчатка, која се наоѓа во источниот дел на Русија.

Според соопштеното, досега не е регистрирана материјална штета како резултат на овој земјотрес.

Како што се нагласува во соопштението, не постои опасност од цунами по настанатиот земјотрес со јачина од 6,9 степени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бугарите во Македонија најмногу гласаа за Борисов, Петков победи во Прилеп, Скопје и Струмица

Следно

Општина Бутел доделува субвенции за поставување енергетски ефикасни фасади и реконструкција на кровови на згради

Latest from Blog

ХРАНА: Во американско-израелските напади во Иран се убиени над 3.000 луѓе

Помеѓу загинатите најмалку 1.319 се цивили од кои 206 се деца, соопшти ХРАНА повикувајќи се на податоците добиени од активистичките мрежи во Иран и од информации од здравствениот сектор. Според ХРАНА, убиени

Зимски циклон со центар над Јонско море следната недела ни носи заладување, дожд и снег

По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море,
Go toTop