Парижаните гласаа за забрана на електричните скутери, владата е на потег

April 3, 2023
1 min read

Во 2021 година, во Франција, 24 лица загинале во несреќи предизвикани од ромобили, вклучително и една во Париз. Минатата година во тој град се регистрирани 459 сообраќајни несреќи во кои учествувале овие и слични возила, меѓу кои и три сообраќајни несреќи со смртни последици

Парижаните вчера, на необврзувачки референдум, со големо мнозинство гласаа за забрана на електричните скутери од улиците на француската престолнина. Градските власти рекоа дека ќе го следат референдумот.

Според веб страницата на градот Париз, помеѓу 85,77 и 91,77 отсто од граѓаните гласале за забраната во 20-те париски квартови кои ги пријавиле резултатите. Гласањето беше наведено како ретка „јавна консултација“ и предизвика долги редици пред гласачките кутии во градот.

„Гласав против затоа што Париз е хаос. Начинот на кој е организиран, опасноста што ја создаваат во Париз, визуелното загадување, сето тоа не е добро“,

изјави железничкиот работник Ибрахим Беутчутак (47) за ТВ Ројтерс.

Градовите ширум светот ги заоструваат прописите за електричните скутери, ограничувајќи го бројот на оператори, брзината и паркинг местата.

Во 2021 година, во Франција, 24 лица загинале во несреќи предизвикани од ромобили, вклучително и една во Париз. Минатата година во тој град се регистрирани 459 сообраќајни несреќи во кои учествувале овие и слични возила, меѓу кои и три сообраќајни несреќи со смртни последици.

„Во нашата работа гледаме многу сообраќајни несреќи предизвикани од ромобили, така што навистина ги гледаме негативните ефекти“,

изјави 38-годишната докторка Одри Кордие за Ројтерс откако гласаше против.

Електричните скутери до кои се пристапува преку апликации за паметни телефони се користат во Париз од 2018 година, но по поплаките за нивната анархична употреба, Париз го намали бројот на оператори на три во 2020 година.

Градот им даде тригодишен договор, бараше ограничување на брзината од 20 км/ч и одредени места за паркирање. Актуелните договори важат до септември.

Операторите понудија дополнителни прописи, вклучително и проверка дали корисниците имаат над 18 години, ставање регистарски таблички за да може полицијата да ги идентификува прекршителите на сообраќајот и ограничување за еден патник.

Во неделата, операторите како што се „Тиер“ и „Лиме“ се ангажираа за да ги охрабрат корисниците да гласаат против забраната.

Некои гласачи рекоа дека претпочитаат построги регулативи отколку целосна забрана.

„Гласав ‘за’ затоа што сум против прилично бинарниот избор што го добивме на овој референдум. Не сакам возачите на ромобили да прават што сакаат по тротоарите, но забраната за нив не е приоритет“,

изјави 35-годишниот Пјер Вакерле.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За седум дена изречени 220 санкции за непрописно паркирани возила во Центар

Следно

„Мекдоналдс“ привремено ги затвора своите канцеларии во САД како подготовка за намалување на администрацијата

Latest from Blog

Проданоски: Над 100 македонски уметници на големиот спектакл „Силно светнал ден“

Прилеп на 19 август ќе биде домаќин на големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, со кој ќе биде одбележана 35-годишнината од независноста на Република Македонија. На плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ ќе настапат повеќе

Николоски на терен: Се решаваат инженерските предизвици на автопатот Охрид–Кичево

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, одржа работен состанок на терен посветен на изградбата на автопатот Охрид–Кичево. Средбата се одржала

Димитриеска-Кочоска: 239 милиони евра поддршка за компаниите, инвестициите продолжуваат

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска објави дека досега вкупно 239 милиони евра од средствата наменети за поддршка на домашните компании се веќе пласирани во македонската економија, оценувајќи дека мерката поттикнала значаен инвестициски

Неделен преглед на Македонската берза: Промет од 219,2 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 10.08.2026 до 14.08.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 219.205.266,36 денари, од кои

Сега во прашање се часови: ПСЖ пред промоција на херојот на Шпанија + уште еден фудбалер

Крилниот напаѓач на Шпанија и Барселона, Феран Торес, и белгискиот крилен напаѓач на Ајакс, Мика Годес, моментално се во Париз, каде што се подложени на медицински прегледи пред нивниот трансфер во Пари
Go toTop