Борисов, Петков и Радев со свои пораки откако гласаа на вонредните парламентарни избори во Бугарија

April 2, 2023
2 mins read

Во Бугарија денеска се одржуваат петтите вонредни парламентарни избори за помалку од две години. По гласањето Бојко Борисов рече дека од утре почнува тешкото, Кирил Петков дека гласал бидејќи се зависи од секој поединец, а Румен Радев смета дека легитимитетот на следниот парламент и влада зависи од излезноста на гласачите

Денеска е лесно, од утре ќе биде тешко, изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов по гласањето во средното училиште „Христо Смирненски“ во софиската населба Банките, на денешните вонредни парламентарни избори во Бугарија, петти во последните две години, пренесе БТА.

Бојко Борисов
Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

„Тешко ќе биде утре и задутре со оваа галопирачка инфлација, цени, огромни долгови“,

објасни тој.

Борисов кажа дека на денешното изјаснување очекува поголема излезност на гласачите. Но, нагласи дека од тоа што го гледа досега ќе треба многу мудрост од политичарите. Изборите, според него, се единствениот излез од кризата. Борисов е убеден дека мора да има влада „ако не сакаме како народ да се самоубиеме“.

Според него, катастрофа за државата ќе биде доколку не може да се формира владејачко мнозинство. Затоа, тој е подготвен на компромис. Според лидерот на ГЕРБ, прво мора да се формира силна коалиција. Пред да се формира влада, не може да се разговара за никакви приоритети, додаде тој. Борисов потврди дека ќе биде пратеник додека се водат преговори за кабинет.

Копретседателот на „Промените продолжуваат“ и еден од лидерите во коалицијата „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“, Кирил Петков изјави дека гласал за нормален европски живот, нормална европска влада, нормални европски патишта, европско здравство, нормално европско образование.

Кирил Петков
Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

„Гласав затоа што сфаќам дека нема спасител, се зависи од секој од нас“,

рече тој.

Петков кажа и дека денеска гласал бидејќи не сака неговите две ќерки да одат да студираат во странство.

„Сакам мојата трета ќерка да се врати и да може да работи во Бугарија, сакам кога ќе ги видам моите пријатели во Варна да не патувам пет часа, туку да патувам три часа, сакам кога патуваме низ Европа да не се чувствуваме како луѓе од втора категорија – да ни ги проверуваат документи на секоја станица“,

додаде поранешниот бугарски премиер.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, пак, кој своето право на глас го оствари во Софија, изјави дека очекува во бугарската политика конечно да надвладеат разумот и принципите, кои на прво место ќе ги стават интересите на граѓаните и иднината на државата.

Румен Радев
Фото: Архива

„Најважно е денеска да се гласа. Ја користам оваа прилика да ги повикам Бугарите да излезат и да гласаат за да не дозволат некој друг да одлучува за нив. Легитимитетот на следниот парламент и влада зависи од излезноста на гласачите, од кои очекуваме важни одлуки“,

посочи тој.

Во Бугарија денеска се одржуваат петтите вонредни парламентарни избори за помалку од две години. Последните истражувања на јавното мнение кај источниот сосед покажуваат дека на денешните избори нема да има јасен победник.

Насловна фотографија: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Парламентарни избори во Финска: Сана Марин во борба за втор мандат

Следно

УЖАС: Најмалку 13 рудари загинаа во хаварија во рудник за злато во Бурунди

Latest from Blog

Четиринаесет Американци поради ебола завршиле во карантин во воена база: Тоа не е легално

Патниците, кои се вратиле по копнен пат преку Канада, немале симптоми на болеста и не се сметало дека претставуваат ризик од ширење на болеста, според интерни документи и потврди од две лица

Министерот Велковски се сретна со постојаната координаторка на Обединетите нации, Рита Колумбија

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Рита Колумбија. Во фокусот на разговорите беа демографските политики, младите

Изрешетан автобус со аргентински навивачи: Еден фан е застрелан во раката (ВИДЕО)

Враќањето на навивачите на аргентинскиот клуб Тигре од натпреварот во Копа Судамерикана во Уругвај беше одбележано со вооружен напад врз нивниот автобус, при што беше ранет 57-годишен маж. Инцидентот се случил кратко

На американски политичар му ја вандализирале куќата, по што ја сменил одлуката и гласал САД да не му дадат помош на Израел

Смит, пратеник од Вашингтон и врвен демократ во Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом, откри дека гласал за намалување на американската воена помош за Израел. Како причина, тој ги наведе насилството

Скопје доби биста на Махатма Ганди: Кој бил човекот што ја предизвика империјата без оружје?

Скопје доби биста на Махатма Ганди, подарок од Индија и нов симбол на пријателството меѓу двете земји. Спомен-бистата беше откриена во Музејот на Град Скопје од претседателките Гордана Сиљановска-Давкова и Друпади Мурму,
Go toTop