Здруженијата за заштита на животните на собир пред Влада со неколку барања

January 13, 2023
1 min read

Здруженијата за заштита на животните денеска пред Владата организираат јавен собир за да го изразат своето незадоволство поради последниот настан што се случи во Струга, кога човек шетајќи со пушка низ градот уби десетина кучиња.

Под мотото „Не сте безбедни во својата држава! Ајде да пробаме по наше!“, десетина здруженија за заштита на животните и поединци – активисти ќе се соберат пред седиштето на Владата.

– Одбиваме во 21 век да бидеме сведоци на примитивизам, насилство и на незаконско и ѕверско однесување на поединци кое носи непоправливи штети, а може да загрози и човечки животи. Свесни ли се воопшто надлежните дека некои од куршумите наменети за кучињата можеа да усмртат луѓе? Ние, како здруженија и како активисти, свесни сме за преголемата популација кучиња низ целата територија на државата и правиме сè што е во наша моќ да вдомиме и да ги тргнеме од улиците, но битката не можеме да ја водиме сами, оти оние кои се надлежни да ги носат одлуките се глуви за проблемот, нагласуваат здруженијата.

За да не дојде до нови напади на граѓани од кучиња, убиства и расфрлани отрови од кои можат да настрадаат и луѓе, здруженијата до надлежните институции кои се најповикани за решавање на проблемот поставуваат неколку барања. Прво, обезбедување 250 бесплатни кастрации/стерилизации секој месец на територија на целата држава, со услов за микрочипирање на милениците; задолжително микрочипирање на секое куче со сопственик – парична казна од 80 евра првиот пат и 180 евра казна, доколку сопственикот повторно не ја почитува наредбата.

Потоа, како што наведуваат, зголемување на бројот на инспектори во АХВ или формирање посебно тело кое ќе врши строги контроли за неодговорно сопствеништво (испуштање миленици на улици, фрлање легла од мали кутриња и сл.) и за нечипирани миленици; зголемување на казните за неодговорно сопствеништво и нечипирани миленици, бидејќи моменталната глоба од 30, односно од 15 евра, само ги стимулира луѓето да ги напуштаат своите миленици, со што се зголемува бројот на бездомни кучиња; забрана и казни за оплодување на домашните миленици, освен за легално регистрираните одгледувачници.

Од здруженијата бараат и ангажирање локални инспектори или формирање на посебно тело, Animal Police (Полиција за животни) кое ќе врши надзор и пријавување на секое легло исфрлено на улица, бидејќи сите тие понатаму стануваат бездомни кучиња, доколку не ги преземат здруженијата и љубителите; како и изградба на азил за кучиња во секоја општина, во соработка со локалните здруженија.

– И нам ни е преку глава од држава која дозволува неконтролирано размножување и дозволува создавање глутници во урбани средина. Секој градоначалник, секоја општина, секој пратеник, секој министер, мора широко да ги отвори очите и да го реши овој проблем, од корен. Нема повеќе оправдувања! Кучињата по улиците се последица на неодговорното однесување на луѓето и само со инспекции, казни и законски измени, а во соработка со здруженијата, може да се дојде до системско решение во корист на граѓаните. Не прифаќаме никаква друга опција, нагласуваат здруженијата за заштита на животните.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Белата куќа: Бајден не знаел дека во неговата куќа има доверливи документи

Следно

Гласовите ги позајмија….

Latest from Blog

„Македонска држава“ – прва дигитална библиотека за македонското историско наследство стартува на 8 септември

Првата дигитална платформа со електронски книги, историски документи и истражувања кои опфаќаат над 150 години македонска историја, култура, поезија и патриотско творештво почнува со работа на 8 септември, Денот на независноста. Станува

Македонските репрезентативци пристигнаа во Чешка пред контролниот натпревар со Саудиска Арабија

Македонската А репрезентација пристигна во Прага каде на 4 септември ќе одигра контролен натпревар против Саудиска Арабија во рамки на официјалниот ФИФА термин. Средбата ќе се одигра на стадионот „Викторија“ со почеток

Убиство на Детелинара: Маж избоден по расправија во кафеана

Во новосадската населба Детелинара, нешто после 23 часот, според неофицијални информации, се случи убиство пред едно угостителско локалче. Жртвата, според првите наводи, е маж. Инцидентот се одиграл на аголот меѓу улиците Јанка

Идеалната единаесетка на слободни агенти!

Заврши летниот трансфер-период, во кој англиската Премиер лига повторно беше главниот двигател. Трите најскапи трансфери (Александер Исак, Флориан Вирц и Хуго Екитике) ги реализираше Ливерпул, а осум од десетте најголеми зделки носеа

Русија изврши целосен воздушен напад врз Украина во текот на ноќта

Русија синоќа започна целосен воздушен напад врз Украина, во кој беа повредени најмалку четворица железнички работници, а поради што Полска крена воени авиони, објавија денес украинските и полските власти. Единиците за воздушна
Go toTop