Иран: Немаме врска со планот за напад врз Евреите во Грција

March 30, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Иран ги негираше тврдењата дека е поврзан со планот за напад врз синагога и ресторан што претежно е посетуван од еврејската заедница во грчкиот главен град Атина, пренесува Анадолу.

„Иран силно ги негира гласините што ги шират ционистичките извори, и лажните обвинувања против Иран“, се вели во соопштението објавено на Твитер од Амбасадата на Иран во Атина.

Во соопштението се укажува на сеопфатните протести против Владата во Израел, и се додава: „Со сценаријата што ги измислуваат, имаат за цел да го одвлечат вниманието на јавноста од внатрешната криза во која се наоѓаат.“

Такис Теодорикакос, грчкиот министер за заштита на граѓаните, на 28 март истакна дека како резултат на работата на грчката Национална разузнавачка служба и Одделот за борба против тероризмот се приведени двајца Пакистанци со иранско потекло за кои се тврди дека биле во подготовка да извршат терористички акт.

Меѓу другото, Израел тврдеше дека овој напад бил планиран од страна на Иран и дека нападот бил спречен со помошта на Мосад.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пролетна дератизација за уништување на глодари во Кисела Вода

Следно

Отфрлена идејата да се отстапи реконструкцијата на Универзална сала на Владата

Latest from Blog

Јаревски: Самоизолацијата на СДС од лидерската средба е типично бегање од одговорност во недостиг на легитимитет, кредибилитет и решенија

Типично бегање од одговорност, кога немате решение, кога немате легитимитет или кредибилитет нормално е дека ќе бараат начин како да избегнат соочување или размена на аргументите и фактите. Што повторно ќе укажам,

После серијата „Сексот и градот“, Ѕверката го следат сериозни обвиненија и уништен углед

Крис Нот, актерот познат по култната улога на Ѕверката во популарната серија „Сексот и градот“ (Sex And The City), со години важеше за еден од омилените холивудски заводници, но последниве години неговата

Мароко по пенал-серијата ја исфрли Нигерија и закажа финале против Сенегал

фото: Afcon (X) Фудбалерите на Мароко остварија победа по пенал-серијата против репрезентацијата на Нигерија, откако регуларниот дел од овој полуфинален меч заврши со резултат 0:0. Во финалето, Мароко ќе се соочи со
Go toTop