Португалија ја суспендира програмата „Златни визи“

March 29, 2023
1 min read

Португалија поради поскапувањето на недвижностите и критиките од Европска Унија, одлучи да престане да дава престој и државјанство на жителите на Кина, Русија и други земји во замена за финансиски инвестиции.

Со тоа заврши десетгодишната програма позната како „Златни визи“, преку која 31.000 странци влегоа во европската зона на движење без граници, објави денеска шпанскиот весник „Ел Паис“.

Во 2012 година, во време кога земјата беше во тешка економска ситуација, португалската Влада се обиде да привлече инвестиции од богатите. Во замена за инвестиција од 500.000 евра им се издаваше дозвола за престој во Португалија, каде што купуваа куќи. По пет години тие можеа да добијат португалско државјанство, а нивниот идентитет не се објавуваше јавно.

Околу 12.000 инвеститори, од кои 45 отсто се Кинези, а 10 проценти Бразилци, на тој начин себе си и на своите семејства си купија билет за ЕУ. Кога ќе се вклучат семејствата на инвеститорите, се проценува дека вкупниот број на корисници на програмата би можел да изнесува околу 31.000 луѓе.

Во 2013 година, министерот за надворешни работи Пауло Портас отпатува во Москва за да привлече локални бизнисмени, а најмалку 313 од нив се преселиле во Португалија. Еден од најпознатите руски граѓани на Португалија е милијардерот Роман Абрамович.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фергусон и Венгер во Куќата на славни на Премиер лигата

Следно

Мурињо останува во Рома

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Европски банки покажаа силна доверба во Македонија

19 мај 2026 година, Скопје– Најновото надворешно задолжување ќе се реализира под значително поповолни услови, со пониски каматни стапки и подолга рочност, што претставува индикатор за зголемена доверба на меѓународните финансиски институции

Пожарникарите од Прилеп ќе изведат показна вежба на градскиот плоштад

По повод 20 Мај – Денот на пожарникарите во Македонија, Општина Прилеп и ТППЕ Прилеп организираат презентација на дел од противпожарната опрема и показна вежба. Граѓаните ќе имаат можност одблиску да се

Европол отстрани илјадници објави од Иранската револуционерна гарда

Голема меѓународна операција на Европол отстрани повеќе од 14.200 онлајн објави, сметки и линкови поврзани со Корпусот на исламската револуционерна гарда (IRGC) на Иран и ја суспендираше главната сметка на групата на

Николоски: Одлична вест за македонските транспортери, во Хрватска усвоен закон со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи

Вицепремиерот Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека во Хрватска е усвоен Закон со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи. „Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните
Go toTop