Почина Мојсо Мојсковски, долгогодишен новинар и уредник во Македонското радио

November 29, 2026
1 min read

Почина Мојсо Мојсовски, долгогодишен новинар и уредник, во Македонското радио. Мојсовски остави длабока трага во историјата на Македонското радио – Радио Скопје и во македонското новинарство. 

Тој е роден на 8 септември 1948 година во Скопје. Мојсовски целиот работен век го мина во Македонското радио извршувајќи повеќе одговорни функции. Особено ќе остане запаметен како уредник на дескот, но и како уредник и водител на Пладневниот радио весник, една од препознатливите информативни емисии на Македонското радио. Со својот професионализам, новинарско искуство и посветеност на работата, беше дел од новинарскиот идентитет на радиото и од секојдневието на многу слушатели.

Професионалниот пат го однесе и во македонската редакција на Дојче веле, каде исто така го вложи своето новинарско знаење и искуство.

Мојсовски беше и ментор и учител за многу генерации помлади новинари. Тие од него учеа не само како се подготвуваат и водат вести, туку и што значат професионалната одговорност, точноста, посветеноста и почитта кон новинарската професија.

Неговата љубов кон Скопје беше уште едно важно обележје на неговиот живот. Како човек длабоко приврзан за родниот град, автор е на неколку изданија на својата книга посветена на Скопје, во која низ лични сеќавања и реминисценции ги бележеше неговите некогашни ликови, улици, дух и промени низ времето. Тоа беше негов начин да го зачува градот што го паметеше и го сакаше, но и да го доближи до оние што не го доживеале таков.

Долги години беше активен и во Одборот на скопските бадникари, потврдувајќи ја својата приврзаност кон традицијата, градот и скопјани.

Со заминувањето на Мојсо Мојсовски, Македонското радио губи свој долгогодишен новинар и уредник, а многумина од неговите колеги – човек од кого учеле, со кого работеле и со кого ги споделувале годините поминати во редакцијата.

Зад него остануваат професионалната трага, спомените на колегите и гласот што со години беше дел од радиото на многу генерации слушатели.

Последното испраќање на Мојсо Мојсовски ќе биде во вторник, 1 декември. Опелото ќе се одржи во капелата во 11 часот, а погребот ќе биде во 12 часот.

Извор: nezavisen.mk

Целиот текст прочитајте го тука

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пропаднаа преговорите меѓу Нетанјаху и Ајзенкот за формирање влада на Израел

Latest from Blog

Пропаднаа преговорите меѓу Нетанјаху и Ајзенкот за формирање влада на Израел

Ќор-сокакот дојде откако технички премиерот Бенјамин Нетанјаху и лидерот на опозицијата Гади Ајзенкот денес се обидоа да најдат излез од политичкиот ќор-сокак создаден по изборите минатиот месец, пишува Би-Би-Си. Десничарската Ликуд на

Швајцарија ги менува правилата за извоз на оружје, пензискиот ДДВ не доби поддршка, ниту оданочувањето на брачните двојки

Швајцарците на денешниот референдум со тесно мнозинство го поддржаа ублажувањето на прописите за извоз на оружје, покажуваат првичните проекции објавени по затворањето на избирачките места, пренесува швајцарската телевизија СРФ. Според проекциите на

ВМРО-ДПМНЕ го осуди сквернавењето на македонското знаме во Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува симнувањето и сквернавењето на македонското знаме во Гостивар. Македонското знаме е државен симбол и секое негово непочитување треба да биде веднаш санкционирано, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ
Go toTop