Сите патни правци се проодни и се чистат од снег, сета расположлива механизација активно работи на патиштата низ државата

November 28, 2026
1 min read

Сообраќајот на сите државни и регионални патишта низ државата се одвива по влажни коловози, а сите патни правци се проодни за сообраќај и се чистат од снег со сета расположлива механизација која активно работи на патиштата низ државата, информира ЈП „Македонија пат“.

-Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта со сите расположливи ресурси на терен активно работи во чистење на патиштата и создавање на услови за непрекинато одвивање на сообраќајот низ цела Македонија. Информираме дека се ангажирани сите дежурни екипи на сите критични превои. Исто така подготвена е цела механизација, потребен број на работници и обезбедни се потребните количества на сол и ризла со цел одржување на непрекинат и безбеден сообраќај – велат од ЈП „Македонија пат“. 
 
Упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот, да возат внимателно, да ја прилагодуваат брзината според условите на патиштата, задолжително да поседуваат  зимска опрема и возењето да го прилагодат согласно временските услови на патот.

Извор: nezavisen.mk

Целиот текст прочитајте го тука

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп му нуди на Путин бизнис договори за да стави крај на војната во Украина, Кремљ незаинтересиран

Latest from Blog

Трамп му нуди на Путин бизнис договори за да стави крај на војната во Украина, Кремљ незаинтересиран

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп наводно ги откажала плановите за користење на профитабилни деловни зделки со Русија како средство за ставање крај на војната во Украина, откако Москва покажа мал интерес

Гроси: Именувањето на Русин за заменик-шеф на МААЕ е стандардна постапка

Виена – Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, денес изјави дека назначувањето на рускиот специјалист Алексеј Ферапонтов на позицијата заменик-шеф на организацијата е стандардна кадровска постапка. „Кога
Go toTop