И Здравје и Работа: Грција го отвори еден најголемите рудници во Европа на Халкидики, македонското рударство се уште чека шанса

November 27, 2026
1 min read

Примерот на Грција покажува дека рударството може да биде двигател на економскиот развој, без да ги исклучува земјоделството, туризмот и другите стопански гранки.

Локалната иницијатива „И Здравје и Работа“, која се залага за економски развој на Струмичкиот регион, отворање нови работни места и реализација на инвестиции, смета дека Македонија не смее да остане настрана од современите развојни процеси во рударскиот сектор, ниту да дозволи нејзиниот инвестициски потенцијал да остане неискористен.

Развојот на рударството во соседните земји, особено примерот со рудникот за злато и бакар Скуриес на Халкидики, Грција, кој почнува со производство, покажува дека стратешките инвестиции во минералните ресурси можат да бидат важен дел од економската перспектива на една земја. Во време кога државите се натпреваруваат за инвестиции, работни места, капитал и економска конкурентност, Македонија треба да го преиспита својот пристап кон развојот на рударскиот сектор и потенцијалот што го поседува.

Рударството не треба да се гледа како спротивност на другите економски гранки. Примерите од регионот покажуваат дека рударските инвестиции и земјоделството, туризмот, индустријата и услужните дејности можат да постојат паралелно и да придонесуваат за економскиот развој. Развојот на еден сектор не мора да значи ограничување на другиот. Напротив, новите инвестиции создаваат можности за локалните компании, побарувачка за услуги, инфраструктурен развој, нови работни места и дополнителни економски активности.

Паралелно, неопходно е да се надминат и разбијат митовите и стравовите за наводните неизбежни и катастрофални последици од рударството врз животната средина. Современите рударски технологии, високите стандарди за заштита и континуираниот мониторинг овозможуваат развој на рударски проекти со минимално влијание врз природата, при што заштитата на животната средина мора да биде составен дел од планирањето, реализацијата и работењето на секој проект.

За Струмичкиот регион, реализацијата на инвестиции како рударскиот проект Иловица-Штука претставува потенцијал за нов економски импулс, отворање работни места и поголеми можности за локалниот бизнис. Во регион во кој граѓаните очекуваат перспектива, економска сигурност и можност за професионален развој, неопходно е да се разговара за сите потенцијални инвестиции врз основа на факти, долгорочни придобивки и одговорни развојни политики.

„И Здравје и Работа“ смета дека должност на креаторите на политики е да имаат јасна и долгорочна визија за економскиот развој на државата, но и храброст да носат одлуки за стратешки важни проекти. Одлуките не смеат да се сведуваат на краткорочни политички интереси или на одржување на статус кво, особено кога станува збор за инвестиции кои можат да имаат значајно влијание врз економијата, локалните заедници и идните генерации.

Македонија има потенцијал, но потенцијалот сам по себе не создава развој. Развојот бара визија, институционална одговорност, предвидливост и одлуки.

Иловица-Штука и другите стратешки инвестиции во рударството заслужуваат институционален пристап кој ќе овозможи нивна процена, одлучување и постапување врз основа на законите, стручните анализи и долгорочниот интерес на државата и граѓаните.

Соседите инвестираат, развиваат и ги активираат своите ресурси. Македонија не смее да си дозволи да остане во чекалница на сопствениот економски развој. Време е потенцијалот да се претвори во реални инвестиции, нови работни места и економски можности за граѓаните.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЛЕН: Рама ги поздрави разговорите за правосуден испит на албански јазик

Latest from Blog

ВЛЕН: Рама ги поздрави разговорите за правосуден испит на албански јазик

ВЛЕН соопшти дека албанскиот премиер Еди Рама им се заблагодарил на албанските партии во Владата за напорите за унапредување на употребата на албанскиот јазик. Според коалицијата, Рама ги посочил прашањата поврзани со

Невремиња и поплави погодија голем дел од САД, повеќе од 900.000 корисници без струја

Силни невремиња, обилни дождови, ветрови и поплави погодија голем дел од САД за време на Денот на благодарноста, нарушувајќи ги празничните патувања и оставајќи повеќе од 900.000 домаќинства и деловни објекти без

Вработени во ЈСП фатени како крадат гориво – ќе бидат избркани од работа

Вработени во ЈСП „Скопје“ се фатени како крадат нафта од автобусите во гаражата на претпријатието во Ѓорче Петров. Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил објави фотографии на кои

Маурицио Сари: Не можеме постојано да се извлекуваме на ваков начин

Тренерот на Аталанта, Маурицио Сари, испрати сериозно предупредување до своите фудбалери, посочувајќи дека тимот не може постојано да се потпира на пресврти за да доаѓа до победи. Стратегот го коментираше драматичниот триумф

ДАЛИ СИНОЌА ТРАМП НАЈАВИ ДИПЛОМАТСКА СЕНЗАЦИЈА НА ГОДИНАТА? „На некои нема да им се допадне…“

Американскиот претседател Доналд Трамп отвори можност во последните недели од 2026 година да се случи една од најголемите дипломатски сензации годинава, доаѓање на рускиот претседател Владимир Путин на самитот на групата Г20,
Go toTop