Владата на Бернам денеска ќе го претстави договорот со ЕУ во парламентот

November 26, 2026
1 min read

Лабуристичката влада на Велика Британија, предводена од премиерот Енди Бернам, денеска во парламентот ќе претстави предлог-закон за транспонирање во националното законодавство на договорот со ЕУ, постигнат во Брисел на 20 ноември, соопшти кабинетот на премиерот.

ЕУ и Велика Британија се договорија за продлабочување на соработката во областа на безбедноста, образованието, економијата и борбата против илегалната миграција, јави БТА. По средбата меѓу претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Антонио Кошта и Урсула фон дер Лајен, со Бернам, тројцата изразија задоволство од постигнатиот резултат.

Во договорот се вклучени олеснувањето на контролата врз британскиот извоз на храна, движењето на младите во Европа и квотите за емисии на јаглерод. Примената на овој договор сега треба да биде одобрена од парламентот, каде што Лабуристичката партија има големо мнозинство во Долниот дом.

Текстот што подлежи на одобрување, насловен „Намалување на трошоците“, има цел да вгради два клучни аспекти од договорот во британското законодавство: санитарен пакт и поврзување на системите за тргување со квоти за емисии на јаглерод, се прецизира во соопштението од Даунинг стрит 10.

Создавањето „заедничка здравствена зона“, заснована на исти стандарди за безбедност на храната, би требало да ја отстрани бирократијата и сертификатите како за увоз, така и за извоз, наведува владата на Бернам. Се посочува дека ЕУ е најголемиот трговски партнер на Обединетото Кралство и апсорбира 58 проценти од неговиот извоз на земјоделски и прехранбени производи.

Извор: nezavisen.mk

Целиот текст прочитајте го тука

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Ѓорче Петров исплати 44 јубилејни награди за вработените во училиштата и градинката

Latest from Blog

Општина Ѓорче Петров исплати 44 јубилејни награди за вработените во училиштата и градинката

Со исплатата се одбележува работниот стаж на вработените, а наградите се наменети за лица кои оствариле јубилеј во текот на работниот ангажман. Од општината посочуваат дека мерката е дел од поддршката за

Тешка несреќа во Египет: Најмалку 31 загинат и 21 повреден во пожар од експлозија на цистерна

Несреќата се случила во населба во Каиро. По експлозијата избувнал голем пожар, кој зафатил и околни возила.На местото на несреќата биле испратени 39 амбулантни возила, а повредените биле пренесени во три болници
Go toTop