Бујаре Абази на надзорна расправа во Собранието: Постапката за АЛТА Банка беше транспарентна и целосно законска

November 25, 2026
1 min read

Претседателката на Комисијата за надзор на пазарот на капитал (КНПК), Бујаре Абази на денешната собраниска надзорна расправа истакна дека постапувањето по барањето на „АЛТА БАНКА АД Белград“ за преземање на „Стопанска банка АД Битола“ е спроведено по вообичаена законска процедура, без никакви исклучоци или импровизации.

Според презентираната хронологија, по доставеното известување за намера од и претходната согласност од Народната банка , преземачот ја доставил целокупната потребна документација и депонирал над 1,4 милијарди денари (1.403.299.026 денари) на посебна сметка во ЦДХВ. Откако била утврдена целосна усогласеност со Законот за преземање на акционерски друштва, Комисијата за надзор на пазарот на капитал на 10 септември 2025 година едногласно донесе решение за издавање дозвола за понуда за преземање.

Абази нагласи дека критериумите и законските рокови се униформни за сите субјекти исто како и при претходни постапки, предупредувајќи дека креирањето вештачки сензационализам и политичка манипулација околу редовни регулаторни процеси ѝ штетат на довербата во финансискиот систем и е спротивно на начелата на Меѓународната организација на комисиите за хартии од вредност. Абази уште еднаш потенцираше дека Комисијата не е надлежниот орган кој одлучува која банка и од која држава може да стане сопственик на финансиска институција во Северна Македонија.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Работата на вештаците е малку видлива, но има големо значење за правдата

Latest from Blog

Николоски: Работата на вештаците е малку видлива, но има големо значење за правдата

Вештачењето како дејност има значајна улога во функционирање на правосудниот систем и остварувањето на правдата. Зад секоја правилно донесена судска одлука стои еден поширок процес на утврдување на фактите, анализа на доказите

Коњановски: Советот за јавно здравје ќе ги утврдува здравствените приоритети на Битола

Општина Битола формираше Совет за јавно здравје, кој треба да ги утврдува здравствените потреби на граѓаните, да поставува приоритети и да ги координира локалните активности за превенција. Ова го истакна градоначалникот Тони

Брзањето со Кривичниот законик не може да биде со формална расправа – реакција од граѓанскиот сектор

  Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата и Блупринт групата за реформи во правосудството укажуваат дека донесувањето на целосно нов Кривичен законик претставува една од најзначајните и најкомплексните законодавни интервенции
Go toTop