Николоски: Работата на вештаците е малку видлива, но има големо значење за правдата

November 25, 2026
1 min read

Вештачењето како дејност има значајна улога во функционирање на правосудниот систем и остварувањето на правдата. Зад секоја правилно донесена судска одлука стои еден поширок процес на утврдување на фактите, анализа на доказите но и примена на стручни знаења од вештаците, затоа вашата работа има општествена и правна одговорност, се обрати заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, на годишната конференција на Комората на вештаци.    

“Вие сте навистина еден од оние сегменти во општеството и во државата коишто можеби и не се толку видливи, но многу значат за функционирањето на државата и сакам да Ви оддадам признание и благодарност за сето она што го правите.  Вештачењето претставува еден од значајните столбови на правосудниот систем, бидејќи овозможува овие сложени стручни, технички, економски, медицински и други прашања од животот да бидат разјаснети преку знаење, искуство, методологија и најважно професионална објективност. Тука Комората на вештаци има особено значајна улога во уредувањето, унапредувањето и афирмирањето на оваа професија. Нејзиното значење не треба да се гледа само низ институционално организирање, туку пред сѐ низ придонесот во градењето на професионални стандарди, стручност, интегритет и доверба” –се обрати Николоски. 

Тој додаде дека во ова време кога општеството и правните односи стануваат сѐ посложени, потребата од стручното и независно вештачење постојано расте.

“Кога народот сѐ повеќе бара да се спроведуваат законите, кога функционалната правна држава и владеењето на правото е нешто за што сѐ почесто се зборува, потребата од квалитетно, независно и стручно вештачење постојано расте.  Затоа работата не е само професионална задача, туку и голема општествена и правна одговорност. Секој напишан збор значи, се мери и има свое влијание. Како што кажав, ние како Влада ги вложуваме сите напори кон воспоставување на функционален систем на владеење на правото како темел на демократската држава и тука ја имате целата наша поддршка. Независноста на судската власт треба да се разбира не како изолираност од другите институции, туку како гаранција за едно непристрасно и објективно одлучување” – додаде Николоски.

Тој на Комората им посака успешна работа и но поголема посветеност и унапредување на професијата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Советот за јавно здравје ќе ги утврдува здравствените приоритети на Битола

Latest from Blog

Коњановски: Советот за јавно здравје ќе ги утврдува здравствените приоритети на Битола

Општина Битола формираше Совет за јавно здравје, кој треба да ги утврдува здравствените потреби на граѓаните, да поставува приоритети и да ги координира локалните активности за превенција. Ова го истакна градоначалникот Тони

Брзањето со Кривичниот законик не може да биде со формална расправа – реакција од граѓанскиот сектор

  Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата и Блупринт групата за реформи во правосудството укажуваат дека донесувањето на целосно нов Кривичен законик претставува една од најзначајните и најкомплексните законодавни интервенции
Go toTop