Коњановски: Советот за јавно здравје ќе ги утврдува здравствените приоритети на Битола

November 25, 2026
1 min read

Општина Битола формираше Совет за јавно здравје, кој треба да ги утврдува здравствените потреби на граѓаните, да поставува приоритети и да ги координира локалните активности за превенција. Ова го истакна градоначалникот Тони Коњановски на првиот национален форум „Општини за здравје“.

На панел-дискусијата посветена на улогата на општините во унапредувањето на здравјето, Коњановски посочи дека врз здравјето влијаат и условите во кои граѓаните живеат, учат, работат и се движат. Како клучна за работата на Советот ја издвои соработката со Центарот за јавно здравје Битола, здравствените установи, училиштата и граѓанските организации.

Коњановски ги посочи и вложувањата во спортската инфраструктура како дел од локалните напори за превенција. „Во Битола се реализираат проекти за изградба и реконструкција на 24 училишни спортски терени и четири спортски сали. Со ова создаваме подобри услови за спорт, физичка активност и здрави животни навики кај децата и младите“, рече тој.

Форумот ги обедини институциите, општините и здравствените партнери за да разговараат за конкретни мерки за унапредување на здравјето во локалните заедници. На настанот се обратија и министерот за здравство Сашо Клековски и Аким Али, претставник на Светската здравствена организација во Македонија.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Брзањето со Кривичниот законик не може да биде со формална расправа – реакција од граѓанскиот сектор

Следно

Николоски: Работата на вештаците е малку видлива, но има големо значење за правдата

Latest from Blog

Николоски: Работата на вештаците е малку видлива, но има големо значење за правдата

Вештачењето како дејност има значајна улога во функционирање на правосудниот систем и остварувањето на правдата. Зад секоја правилно донесена судска одлука стои еден поширок процес на утврдување на фактите, анализа на доказите

Брзањето со Кривичниот законик не може да биде со формална расправа – реакција од граѓанскиот сектор

  Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата и Блупринт групата за реформи во правосудството укажуваат дека донесувањето на целосно нов Кривичен законик претставува една од најзначајните и најкомплексните законодавни интервенции
Go toTop