Божиновска: Скопската декларација треба да отвори пат за нова генерација инженерки и лидерки

November 25, 2026
1 min read

Скопската декларација за поголемо учество на жените во енергетската дипломатија беше потпишана денеска на Првиот форум за енергетска дипломатија „Обновливи извори на енергија и жените во енергетиката“ во Скопје. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, порача дека жените треба да имаат поголема улога во поставувањето на приоритетите, водењето на преговорите и градењето партнерства.

„Не зборуваме само за застапеност, зборуваме за влијание“, рече Божиновска пред потпишувањето на декларацијата. Таа посочи дека учеството на повеќе жени во одлучувањето им носи на институциите дополнително знаење, искуство и различни гледишта.

Според министерката, декларацијата ја потврдува заедничката определба за енергетска безбедност, одржлива транзиција и поголема улога на жените во носењето одлуки. Со поддршка од Канцеларијата на Обединетите нации, УНДП и Економската комисија на ОН за Европа, мрежата на жени во енергетската дипломатија треба да овозможи соработка, менторство и професионален развој.

Божиновска оцени дека резултатите од декларацијата ќе се видат во иницијативите и партнерствата што ќе произлезат од неа, како и во можностите жените да учествуваат во преговорите за стратешки договори.

На форумот се разговара и за вложувањата во електроенергетската мрежа, потребни за повеќе енергија од сонце и ветер да стигнува до потрошувачите. Меѓу темите е и зеленото финансирање, односно како тоа може да им помогне на домаќинствата и малите компании да вложуваат во обновливи извори и енергетска ефикасност.

На форумот присуствуваат над 200 домашни и странски гости, меѓу кои владини претставници и претставници на меѓународни организации, финансиски институции, дипломатската заедница и приватниот сектор.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Битола: „Зимска приказна“ почнува на 21 декември, отворен е повикот за учесници

Latest from Blog

Општина Битола: „Зимска приказна“ почнува на 21 декември, отворен е повикот за учесници

Општина Битола објави јавен повик за учество во новогодишната манифестација „Зимска приказна“. Преку повикот ќе се избираат културни и туристичко-промотивни настани што ќе ја збогатат празничната програма во градот. Манифестацијата ќе се

Тоневски: Се обновува ракометното игралиште во центарот на Пробиштип

Во тек е реконструкцијата на ракометното игралиште во центарот на Пробиштип, информира градоначалникот Тони Тоневски. Со проектот е предвидено поставување нова спортска подлога, поставување седишта на трибините и подобрување на осветлувањето, со

Автентични вкусови, домашни деликатеси и богата програма на петтото издание на Слоу Фуд салонот во Скопје

Оваа сабота, 28 ноември, хотелот Континентал ќе стане место на автентични вкусови, традиционални производи и на љубителите на добрата храна.  Од 11 до 20 часот, таму ќе се одржи петтото издание на

(Видео) ПАДНА РЕКОРДОТ ОД 2014 ГОДИНА – Обилни врнежи го парализираа југот на Франција

Обилни врнежи од дожд во текот на ноќта го погодија францускиот регион Прованса-Алпи-Азурна Обала, а особено департманите Вар и Приморски Алпи, кои се ставени под портокалово предупредување поради ризик од поплави и
Go toTop