(Видео) ПАДНА РЕКОРДОТ ОД 2014 ГОДИНА – Обилни врнежи го парализираа југот на Франција

November 25, 2026
1 min read

Обилни врнежи од дожд во текот на ноќта го погодија францускиот регион Прованса-Алпи-Азурна Обала, а особено департманите Вар и Приморски Алпи, кои се ставени под портокалово предупредување поради ризик од поплави и поројни текови, пренесува „Фигаро“. Според прогнозите на метеоролошката служба „Ла Шејн Метео“, се очекуваат вкупно меѓу 70 и 120 милиметри дожд, додека локално количината би можела да надмине и 150 милиметри, а на југот од департманот Вар, во областа на заливот Сен Тропе, во текот на ноќта веќе наврна количина дожд еднаква на просечните месечни врнежи.

🟠 Épisode méditerranéen : le Var et les Alpes-Maritimes en Vigilance orange Pluie-Inondation toute la journée.

Crues importantes dans le Var : Vigilance orange déclenchée par @Vigicrues.

Évitez de vous déplacer et ne vous engagez pas sur des routes immergées.

📷 @SDIS83 https://t.co/VY9lIAIi01

— Météo-France (@meteofrance) November 25, 2026

Поради интензивните врнежи е соборен и рекордот за 24-часовни врнежи во ноември, кој изнесуваше 125 милиметри и беше забележан на 25 ноември 2014 година, додека локалната префектура соопшти дека поради поплавите се затворени повеќе патни правци, особено во областите Бандол, Тулон и Јер. Жителите на социјалните мрежи објавуваат снимки и фотографии од поплавени сообраќајници, а надојдена е и крајбрежната река Гапо, за која службата „Вижикруес“ предупредува дека станува збор за голема поплава за овој период од годината со опасност од излевање врз околните подрачја, додека водостојот на реката Жискле во местото Коголен во текот на ноќта пораснал за околу три метри.

Најзагрозени се крајбрежните делови на департманот Вар, како и потегот од планинскиот масив Сен Бом до Естерел преку Морс, додека во департманот Приморски Алпи најизложени се преалпските предели околу Грас и појасот на Азурната Обала.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПСЖ и Рома подготвуваат спектакл во Париз, Манчестер најмногу треба да се пази од Луис Суарес

Latest from Blog

Хоџа: Заштитата на Вардар мора да биде државен приоритет, потребни се конкретни мерки и стабилно финансирање

Заштитата на реката Вардар и одговорното управување со водните ресурси мора да бидат меѓу долгорочните приоритети на државата, со јасно дефинирани институционални обврски, стабилно финансирање и координирана соработка меѓу различните сектори. Ова

На Халкидики почнува со работа рудникот за бакар и злато, македонското рударство „тоне“

Рудникот „Скуриес“ на Халкидики се приближува до почетокот на комерцијалното производство на бакар и злато, откако компанијата „Елдорадо Голд“ ги активираше сите четири филтер-преси за филтрирање на јаловината. Со ова е исполнет

Божиновска: Македонија станува важна енергетска врска во регионот, градиме решенија што ќе траат со генерации

Македонија е поинаква од пред две години. Создаваме решенија што траат и градиме иднина. Нашата одговорност е одлуките што ги носиме денес да обезбедат сигурност за генерациите што доаѓаат – порача министерката
Go toTop