Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот.
Коњановски му посака добредојде на Акташ и го запозна со културното и историското наследство на Битола. Тој се осврна и на досегашните врски со Турција, издвојувајќи ја соработката со збратимениот град Бурса.
На средбата беше истакнато дека туристите од Турција се меѓу најбројните странски посетители на Битола. Коњановски и Акташ изразија подготвеност да ја продолжат редовната комуникација и да ја засилат соработката во областите за кои разговараа.


