Рударството е ‘рбетот на суверенитетот“: Бугарија се фали со ново наоѓалиште на бакар, Македонија го остава неискористен потенцијалот на Иловица

November 20, 2026
2 mins read

Додека Бугарија објавува ново значајно златно-бакарно откритие во близина на рудникот Челопеч, во Северна Македонија и натаму останува неискористен потенцијалот на веќе истражениот проект „Иловица – Штука“.

Лабораториските анализи на новото бугарско откритие покажале концентрати со содржина од 10 до 25 проценти бакар и од 12 до 20 грама злато на тон. Овие резултати претставуваат важна основа за натамошни истражувања, иако сè уште не овозможуваат конечна проценка на исплатливоста на евентуалното рударење.

Инженерот Илија Грков, главен оперативен директор на „ДПМ Металс“, во интервјуто посочува дека значењето на рударството за Челопеч и соседните општини е многу пошироко од отворањето нов рудник. Тоа е прашање на економски развој, сигурност на снабдувањето со суровини и стратешка позиција на државата.

„Рударството е ‘рбетот на суверенитетот“, е пораката што ја отвора пошироката дебата за тоа колку е важно државите да располагаат со сопствени ресурси и да имаат капацитет да ги развиваат.

„Иднината на Челопеч има значење далеку зад границите на самиот рудник. Тој гарантира стабилно вработување, работа за локалните бизниси, приходи за општините и државата, како и можност за продолжување на нашите долгорочни партнерства со локалните заедници. Затоа инвестициите во геолошки истражувања се инвестиција не само во иднината на компанијата, туку и во одржливиот развој на целиот регион“, коментираше Грков.

Додека соседите го развиваат секторот, македонското рударство во септември 2026 година, во однос на септември 2025 година, бележи опаѓање од 7.7%. Проектот за бакар во Иловица останува единствената сериозна инвестиција, а паралелно се спроведуваат геолошки истражувања само кај Крива Паланка, за присуството на антимон. Според проекциите на инвеститорот, рудникот за бакар во Иловица има потенцијал да биде меѓу топ-3 извозни компании во државата, со извоз од над 200 милиони евра годишно. Ваквите прогнози беа споделени пред домашните власти да го поскапат Тарифникот за концесии за

експлоатација на минерални суровини, кој стапи во сила на почетокот на 2025 година и оттогаш е зголемена и наплатата по овој основ. Наместо досегашните 2%, во моментов „за експлоатација на минерални суровини, концесионерот плаќа надоместок во износ од 4% од пазарната вредност на бакар метал по тон, во секој тон произведен бакарен концентрат од страна на концесионерот“.

Во меѓувреме, концесиите ги поскапе и соседна Бугарија. Тамошните функционери тврдат дека рударската индустрија е еден од столбовите на националната економија, а со тоа и на економскиот раст.

„Затоа, потребна е многу поопфатна визија за неа. Мора јасно да се наведе дека еден од приоритетите на државата е развојот на рударската индустрија и сите природни ресурси – и традиционални и нови, вклучувајќи ги и критичните суровини и материјали“, изјави заменичката министер за енергетика Љубомира Ганчева.

Во меѓувреме, властите развиваат конкретни предлози за измена на Законот за подземни ресурси, со цел забрзување и олеснување на административните процеси и отстранување на постојните пречки во одобрувањето на рударските проекти. Намерата е, од една страна, да се олесни процесот, а од друга – државата да ја зајакне контролата и транспарентноста во известувањето и спроведувањето на концесиските активности. Ганчева ги коментираше и забелешките во јавноста.

„Според мене, голем дел од тензијата е политички мотивирана или поради недостаток на информации и ширење страв. Не можеме целосно да ги неутрализираме политичките причини. Но, кога луѓето ќе бидат информирани, верувам дека ставовите ќе се променат. Ја следам темата со години и гледам дека има тензија на многу места низ земјата. Во исто време, ако ги погледнеме областите каде што има големи енергетски инфраструктури или големи концесиски договори, таму има највисоки плати, највисока вработеност и најсериозни социјални пакети. Има исклучоци, но генерално животниот стандард таму е добар. И не може да се каже дека еколошките индикатори во овие населени места се нужно полоши. Во секој случај, нема разговор на оваа тема, ќе го започнеме овој дијалог“, изјави Ганчева.

Таа додаде дека идејата на властите во Бугарија е да се олесни работата на рударската индустрија во практика, бидејќи таа е во срцето на зелената транзиција, ‘рбетот на економијата и на националниот суверенитет. Воедно, властите во Софија ги поскапеа и концесиите.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Следно

Николоски: Ќе се реконструира целиот пат од Валандово до Струмица преку Валандовско Брдо

Latest from Blog

Николоски: Ќе се реконструира целиот пат од Валандово до Струмица преку Валандовско Брдо

Со комбинирана владина поддршка во инфраструкутрата, земјоделството и туризмот, правиме развој на општина Валандово. Предвидовме финансиска поддршка од околу 100 милиони денари, од кои 65 милиони денари се директно од буџетот на

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше
Go toTop