Лула да Силва: За сто дена земјата ќе функционира со нормална брзина

January 12, 2023
1 min read

Зборувајќи за неодамнешниот напад на приврзаниците на поранешниот претседател Жаир Болсонаро врз владина зграда во Бразилија, Лула рече дека тоа е големо предупредување

Бразилскиот левичарски претседател Луис Игнасио Лула да Силва изјави денеска дека има подготвена политика која во рок од сто дена би довела до тоа земјата повторно да „функционира со нормална брзина“ и им порача на финансиските пазари да не се грижат за Владата на неговата Работничка партија.

Зборувајќи за неодамнешниот напад на приврзаниците на поранешниот претседател Жаир Болсонаро врз владина зграда во Бразилија, Лула рече дека тоа е големо предупредување.

„Победивме на последните избори, но фанатичните поддржувачи на Болсонаро се многу опасни, затоа во иднина мора да бидеме построги и повнимателни“,

рече Лула и нагласи дека е потребно да се открие кој ги финансира овие дела, односно што ја загрозува бразилската демократија.

Во неделата, приврзаниците на десничарскиот Болсонаро го нападнаа бразилскиот Конгрес, Врховниот суд и претседателската палата, повикувајќи на воен удар за да се поништат изборите во октомври и победата на Лула.

Бразилскиот претседател изјави дека и покрај немилите настани, министерот за одбрана Хозе Мусио ќе остане на функцијата.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Анимал војсис“: Мерко лично ни кажа дека ќе излезе на улица и ќе убива кучиња – струшкиот градоначалник им врати: Што ќе ми се кучиња, кога имам шест внучиња?

Следно

Руте идната недела во Вашингтон на средба со Бајден за војната во Украина и економските врски

Latest from Blog

Коњановски: „Олимп“ испиша историја со двојна титула и национален рекорд

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати искрени честитки до атлетскиот клуб „Олимп“ по нивниот извонреден настап на Државното првенство и Купот на Македонија на 10.000 метри, одржани во Национална арена „Тодор

Млад човек почина откако беше застрелан за време на полициска потера во Германија

Инцидентот се случил околу 1 часот наутро откако возило се обидело да избегне полициска проверка североисточно од Сарбрикен, град на француската граница, на околу 150 километри од Франкфурт. 22-годишникот го управувал возилото

Мицкоски за финансиите: Нема зголемување на буџетскиот дефицит, за две години од држава што коленичеше станавме фактор на стабилност

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека и покрај мерките кои се преземаат за ублажување на последиците од кризата и се во полза на граѓаните, но, можат да го намалат приливот во Буџетот, Владата
Go toTop