Николоски: Брзата пруга на Коридорот 10 ќе добие современ систем за управување со возовите

November 18, 2026
2 mins read
Вештачката интелигенција веќе не е само теорија или технологија на иднината,  тоа е нешто што се случува околу нас.  Таа е голема можност која треба да се искористи. Како Влада создаваме правна и административна рамка, со цел да овозможиме нејзина примена за да фатиме чекор со дигиталниот развој, истакна заменик претседателот на Владата, Александар Николоски на 21- та годишна конференција на МАСИТ.
Во своето обраќање тој потенцира дека целите на државата се утврдени во Стратегијата за развој на ИКТ- “SMART MK 2030” која дава конкретни насоки во примема на дигиталните процеси и напредната технологија.
Говорејќи за создавање на условите за дигитален развој, потенцриа дека инвестициите во податочни центри се исправи политики кои носат сериозни економски резултати.
“Направивме законски измени коишто овозможуваат да се создаде една правна рамка во рамки на Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење, со цел да можат да се развиваат дата центри или податочни центри. Ако го видите во моментов светот, ќе видите дека државите кои одржуваат сериозен раст на бруто домашниот производ, го одржуваат баш заради овие два сегменти: развојот на вештачката интелигенција и развојот на податочните центри. Ако видите зошто капиталот поскапува во моментов на светските пазари, тоа е затоа што најголем дел од пласманот на капитал е токму во овие два сегменти. Прашањето е дали ние ќе фатиме чекор или ќе заостануваме. Прашањето е дали ќе одиме во оваа насока или ќе одиме во некои други насоки кои што не мислам дека се развој на државата. Во таа насока, веќе заедно со Министерството за дигитална трансформација работиме на развој на првиот државен национален податочен центар. Веќе ги поминавме сите сериозни одлуки како Влада и двете министерства веќе работат на урбанизација на просторот и завршување на правната рамка, по што ќе следи инвестицијата што ќе е една државна потврда и еден државен показател каде треба да се развиваат работите, а се надевам дека за брзо време ќе можеме да го имаме како инвестиција и првиот приватен податочен поголем центар. Вратите се отворени во Владата, во министерствата. Доколку имате такви бизнис идеи, повелете заеднички да ги разгледаме и да дадеме поддршка онаму каде што можеме” – се обрати Николоски.
Во делот на дигитализација во секторот Транспорт, вицепремиерот истакна дека се работи на ИТС системот во патниот дел, а веќе се разгледуваат опции и за употреба во железничкиот сообраќај.
“Тоа е дел и од барањата на Европската Унија во рамките на Планот за раст. Веќе 5-те закони се готови и се на финална консултација во Брисел. Очекувам оваа недела да добиеме повратен, потврден одговор. Очекувам до крајот на следната година или почетокот на 2028 година, на Коридорот 10 од Табановце до Гевгелија, веќе да имаме имплементиран интелигентен транспортен систем и потоа да почнеме да работиме на коридорот 8. Во делот на железницата, во моментов на системот ЕНЕР за јавна консултација се исто така 5 закони кои што се дел од истиот овој пакет, по што, откако ќе бидат истите усвоени, се надевам некаде до средината на следна година ќе можеме да зборуваме и за интелигентни транспортни системи во железницат. Во рамки на проектот којшто го имаме за брза пруга на Коридор 10, наша дефинитивна одлука е да одиме со најновиот систем EMTC S2. Особено после она што се случи во Грција пред неколку години и ова што се случи во Шпанија пред некаде 1 месец, сметаме дека безбедноста мора да е на највисоко ниво и доколку сакаме да имаме автономно управување на возовите, односно човечкиот фактор да е сведен на минимум, тогаш мора да имаме и најмодерни системи коишто тоа ќе го прават”- потенцириа Николоски
Додаде дека се работи забрзано и за воведување на Националниот едношалтерски систем и нов систем за дигитализација на патната таска, како проекти поврзани со напредни технологии.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Битола продава градежно земјиште за изградба на куќи: Пријавувањето трае до 14 декември

Latest from Blog

Општина Битола продава градежно земјиште за изградба на куќи: Пријавувањето трае до 14 декември

Општина Битола објави оглас за отуѓување неизградено градежно земјиште во државна сопственост, кое ќе се продава по пат на јавно електронско наддавање. Станува збор за земјиште предвидено за изградба на објекти со

Коњановски: Во 2027 година се планира пуштање делница од 12 километри на автопатот Прилеп–Битола

Делница од 12 километри од автопатот Прилеп–Битола е планирано да биде пуштена во сообраќај во 2027 година, а до крајот на 2028 година да бидат асфалтирани вкупно 28 километри. Ова било најавено

Проданоски: Потенцијалот на младите да го претвориме во дела за Прилеп

Повеќе од 200 млади од Прилеп учествуваа во симулација на Европскиот парламент, преку која се запознаа со функционирањето на европските институции, носењето одлуки и значењето на демократската дебата. Градоначалникот Дејан Проданоски ја

Божиновска: Македонија е дел од трансатлантскиот дијалог за енергетска безбедност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на 18 и 19 ноември ќе учествува на Седмиот состанок на Партнерството за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) во Варшава, Полска, организиран во соработка

Коњановски: Гласот на младите треба да се преточи во конкретни локални решенија

Триесет средношколци од Битола развија проектни предлози за решавање проблеми во својата заедница, во рамките на проектот ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации. На денешната работилница тие ги финализираа идеите
Go toTop