Божиновска: Македонија е дел од трансатлантскиот дијалог за енергетска безбедност

November 17, 2026
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на 18 и 19 ноември ќе учествува на Седмиот состанок на Партнерството за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) во Варшава, Полска, организиран во соработка со Атлантскиот совет.

Според најавата, форумот ќе обедини високи владини претставници, меѓународни институции и лидери од енергетскиот сектор на Европа и САД. Меѓу најавените учесници се американскиот секретар за енергетика Крис Рајт, полскиот премиер Доналд Туск и министерот за енергетика Милош Мотика.

Божиновска ќе биде панелист на сесија посветена на европската енергетска безбедност, отпорноста на критичната инфраструктура и диверзификацијата на изворите на снабдување.

 

Министерката го оцени учеството како можност за продлабочување на стратешките партнерства, размена на искуства и унапредување на соработката со европските и американските партнери.

„Наш приоритет останува изградбата на сигурен, стабилен и конкурентен енергетски систем, поврзан со регионалните и европските енергетски пазари“, порача Божиновска.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Гласот на младите треба да се преточи во конкретни локални решенија

Latest from Blog

Коњановски: Гласот на младите треба да се преточи во конкретни локални решенија

Триесет средношколци од Битола развија проектни предлози за решавање проблеми во својата заедница, во рамките на проектот ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации. На денешната работилница тие ги финализираа идеите

Општина Прилеп: Втор повик за поддршка на семејствата со првачиња во учебната 2026/2027 година

Општина Прилеп објави втор јавен повик за доделување еднократна парична помош на семејствата со деца запишани во прво одделение во учебната 2026/2027 година. Повикот е наменет за родителите кои не аплицирале во

Општина Битола: Продолжува креирањето на буџетот за 2027 година заедно со граѓаните

Општина Битола го најави одржувањето на третиот буџетски форум, на кој граѓаните ќе имаат можност да учествуваат со свои идеи, предлози и иницијативи во процесот на креирање на општинскиот буџет за 2027

Божиновска: На 25 ноември во Скопје го отвораме Првиот форум за енергетска дипломатија

На 25 ноември, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, ќе се одржи Првиот форум за енергетска дипломатија „Обновливи извори и жените во енергетиката“, најави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања

Николоски од Виена: Македонија ќе стане клучна транспортна крстосница во Југоисточна Европа

Предизвикот за земјите од регионот е како заеднички да настапуваат на европскиот пазар, како да се натпреваруваат со конкуренцијата и како да се постигне повисоко ниво на развој. За овие прашања,  за
Go toTop