Зеленски го повика кинескиот претседател да ја посети Украина

March 29, 2023
1 min read

Кинескиот претседател не разговарал со Зеленски од почетокот на руската инвазија на Украина, но Пекинг минатиот месец објави план од 12 точки кој нуди политичко решение на украинската криза

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го покани својот кинески колега Си Ѓинпинг да ја посети Украина, објави денеска новинската агенција Асошиејтед прес (АП).

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски/Фото: Архива

„Подготвени сме да го видиме овде“,

изјави Зеленски во интервју за новинската агенција.

Кинескиот претседател не разговарал со Зеленски од почетокот на руската инвазија на Украина, но Пекинг минатиот месец објави план од 12 точки кој нуди политичко решение на украинската криза.

Ѓинпинг минатата недела престојуваше во тридневна официјална посета на Москва каде што разговараше и потпиша неколку договори со рускиот претседател Владимир Путин. Сепак, разговорите не покажаа напредок околу прашањето за ставање крај на војната во Украина.

Путин по средбата со кинескиот колега изјави дека мировниот план што го нуди Пекинг може да се искористи како основа за ставање крај на војната, но тој е изводлив единствено кога за тоа ќе бидат подготвени Западот и Киев.

Планот на Кина не бара експлицитно Русија да ја напушти Украина, туку повикува на мировни преговори и почитување на националниот суверенитет, без конкретни предлози.

Соединетите Американски Држави (САД) го отфрлија предлогот имајќи предвид дека Кина одби да ја осуди Русија за нејзината инвазија на Украина.

САД велат дека прекинот на огнот во овој момент ќе ги зацврсти руските територијални придобивки и ќе ѝ даде на руската војска повеќе време да се прегрупира.

Украина го поздрави дипломатскиот ангажман на Кина, но Зеленски рече дека ќе ги разгледа мировните решенија само откако руските трупи ќе ја напуштат украинската територија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Арсовска во увид на реконструкцијата на „Рузвелтова“

Следно

Зеленски: Една западна држава ни донираше противвоздушен систем, кој не функционира

Latest from Blog

Трамп: Би сакал да видам обединета Ирска

За време на средбата со ирскиот премиер на имотот Фармли во Даблин, американскиот претседател рече дека обединета Ирска би била „големо признание за сите“. „Како би можело тоа да биде лошо?“, праша

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа. На 11 септември 2026 се направени прегледи од страна на бугарски лекари во државна

Проданоски: ГФК Победа е симбол на нов почеток за прилепскиот спорт

Денес започнува ново поглавје за прилепскиот фудбал, со првиот официјален натпревар на ГФК Победа – Прилеп, порача градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Тој изрази поддршка за иницијативата и за сите кои
Go toTop