ЖРСМ Инфраструктура: Решаваме проблеми наталожени со децении, ги спроведуваме ревизорските препораки

November 5, 2026
1 min read

ЈП ЖРСМ Инфраструктура – Скопје соопшти дека презема мерки за надминување на проблемите утврдени во ревизорскиот извештај за 2024 година, преку уредување на имотната евиденција, нови финансиски процедури и забрзување на инфраструктурните проекти.

Од претпријатието посочуваат дека наодите на Државниот завод за ревизија опфаќаат управување со имотот, реализација на проекти, финансиско и материјално работење, како и организациски и кадровски прашања. Според нив, значаен дел од состојбите се долгогодишни, а некои се наталожувале со децении.

„За поголем дел од утврдените состојби веќе се донесени акти, започнати се постапки или се постигнати резултати што можат да се потврдат со документација“, наведуваат од ЖРСМ Инфраструктура.

Во делот на имотот, интензивирани се постапките за евидентирање и правно уредување на железничките објекти и земјиштето под пруга. Од претпријатието информираат дека е изготвен најголемиот дел од потребната геодетска документација и дека пред надлежните институции се започнати постапки за запишување.

За подобрување на финансиското и материјалното работење се донесени нови процедури за управување со залихите, нови сметководствени политики и дополнителни контролни механизми. Дел од залихите што потекнуваат од деведесеттите години веќе се користат за одржување на железничката инфраструктура.

Во однос на Коридорот 8, од претпријатието наведуваат дека изградбата на делницата Бељаковце – Крива Паланка достигнала вкупен физички напредок од 45 проценти. По преземените активности за решавање на дел од техничките и проектантските прашања, зголемени се обемот и динамиката на градежните работи.

Според соопштението, во 2026 година е забележан месечен напредок од над два процента, кој претпријатието го оценува како рекорден, а изведувачот има ангажирано повеќе од 650 лица.

Паралелно се работи на кадровската стабилност и на обезбедување услови за непречен и безбеден железнички сообраќај. Донесен е и петгодишен план за одржување на инфраструктурата, наменет за попредвидливо планирање и организирање на активностите.

Од ЖРСМ Инфраструктура признаваат дека дел од отворените прашања сè уште бараат дополнителна работа и време. Порачуваат дека ќе продолжат со спроведување на ревизорските препораки, со приоритет на безбедноста, одговорното користење на ресурсите и ефикасното управување со јавните средства.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска: Од обновливи извори до регионални интерконектори, ЕК бележи напредок во енергетиката

Следно

Меџити: Подобри услови во селата и нови инвестиции за Боговиње

Latest from Blog

Меџити: Подобри услови во селата и нови инвестиции за Боговиње

Инфраструктурата во селата, развојот на туризмот и сточарството и условите за привлекување нови инвестиции беа теми на работната средба во Општина Боговиње, на која домаќин беше градоначалникот Фети Абази. На средбата присуствуваа

Божиновска: Од обновливи извори до регионални интерконектори, ЕК бележи напредок во енергетиката

Европската комисија во Извештајот за напредокот за 2026 година ги издвојува развојот на обновливите извори, реформите на пазарот на електрична енергија и регионалните инфраструктурни проекти, посочи министерката за енергетика, рударство и минерални

Народна банка: Европската комисија го препозна напредокот во јакнењето на финансиската стабилност

Европската комисија во Извештајот за земјава за 2026 година го оценува банкарскиот сектор како отпорен, со солидна капитализираност, квалитет на кредитното портфолио и профитабилност, соопшти Народната банка. Според соопштението, во извештајот се

Коњановски: Битола ги слави слободата и достигнувањата на своите сограѓани

Актерката Соња Михајлова е добитничка на наградата „4 Ноември“ за животно дело, додека признанијата за едногодишни достигнувања им припаднаа на професорот д-р Горан Илиќ, д-р Маргарита Камбовска и спортскиот учител Кире Марков.

Европската комисија препознава конкретни резултати во трансформацијата на македонската енергетика

Македонија остварува напредок во трансформацијата на енергетскиот сектор, пред сè преку забрзаниот развој на обновливите извори, проширувањето на организираниот пазар на електрична енергија и новите инфраструктурни поврзувања со соседните земји. Овие промени
Go toTop