За време на протестите во Франција приведени 201 лице

March 29, 2023
1 min read

ПАРИЗ (АА) – Во текот на протестите во Франција, што продолжија и синоќа по одлуката на Владата без гласање да го усвои законот со кој старосната граница за пензионирање се подига за 2 години, приведени се 201 лица, јавува Анадолу.

Министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дарманин, им се заблагодари на 13.000 полицајци и припадници на жандармеријата кои биле на должност за време на протестите.

Тој наведе дека 175 припадници на безбедносните сили се повредени во текот на протестите. Дарманин информираше и дека во текот на протестите се приведени 201 демонстрант.

Франција се соочува со постојани демонстрации почнувајќи од 16 март, кога претседателот Емануел Макрон и премиерката Елизабет Борн одлучија да го искористат уставното право за усвојување на Законот за пензиски реформи без гласање за согласност во Парламентот.

Со реформите се предвидува зголемување на старосната граница за заминување во пензија од 62 на 64 години, како и најмалку 43 години работа за да се оствари правото на целосна пензија. Планот предизвика гнев во јавноста откако беше објавен минатата година, со масовни протести и штрајкови низ целата земја од јануари.

Владата на Франција соопшти дека нема да го повлече контроверзниот закон за реформи во пензискиот систем и покрај штрајковите, масовните протести и насилството во многу градови низ земјата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Силен земјотрес ноќеска ја погоди Италија

Следно

Изречени 152 казни за возачите во Скопје

Latest from Blog

Сончево и многу топло, температурите над 40 степени – не излегувајте од 11 до 17 часот!

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе

Загина македонски државјанин во сообраќајна несреќа кај српско-унгарската граница

Трагична сообраќајна несреќа се случи утринава околу 05:15 часот на автопатот кај Хоргош, во близина на границата меѓу Србија и Унгарија, каде што животот го загуби државјанин на Македонија, а друг македонски
Go toTop