Николоски: Инфраструктурните проекти создаваат подобри услови за странски инвестиции

October 28, 2026
1 min read

Ја реализираме абициозната агенда што ја имаме во делот на инфраструктурниот развој на државата. Градиме нови автопати и железницица и со тоа правиме конкуретни услови за влез на нови инвеститори, но се обидуваме да ги задржиме и постојните, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на  средбата со Германската стопанска комора и на Македонско-германското стопанско здружение.

“Се обидуваме, онолку колку што можеме, да помогнеме на странските директни инвеститори да имаат што попријатна клима во државата. Исто така, би сакале да мотивираме да дојдат нови. Во однос на планови за иднината, имаме една доста амбициозна инвестициска кампања во делот на инфраструктура, која што далеку  надминува некој логичен процент на инвестиции споредени со бруто домашен производ или со состојба во буџет. Ако ги видите инвестициите капитални од буџетот или оние кои што одат од јавните претпријатија и кои што се во целосна државна сопственост, тогаш ќе видите дека најмногу се однесуваат токму во овој сектор” – се обрати Николоски пред присутните компании.

Додаде дека се работи на железничкото поврзување на Коридор 8, на автопатските делници на коридорите и најави изградба на нови експресни патишта. 

“ Во моментов имаме еден повик за третата секција за железничкото поврзување со Бугарија. Тендерот е објавен од страна на Делот за јавни набавки на Европската Унија, значи на еден најтранспарентен можен начин. Трае четири месеци, намерно ставивме подолг рок за да немаме после тоа оправдувања дека за месец или за два не можела да се подготви тендерска понуда и очекуваме и германските компании да учествуваат на истиот.

Со ЕУ во рамки на Планот на раст на развој на централното крило на коридорот 8. Првата фаза е реконструкција и модернизација на пругата кој оди Скопје, Јегуновце, Тетово, Гостивар. Втората е Гостивар-Кичево и третата е изградба на еден целосно нов дел кој што во моментов не постои и кој што треба да оди Кичево-Охрид-Струга-Граница со Албанија. Исто така, веќе следна година очекувам, доколку обезбедиме финансирање, да имаме два големи проекти во источниот дел на државата: два големи експресни патишта кои што треба да не поврзат со Република Бугарија. Едниот оди Кочани-Виница-Делчево-Граница со Бугарија, вториот оди Радовиш-Струмица-Новосело-Граница со Бугарија. Така што, тоа се дополнителни можности кои што се отвараат пред нас” – истакна вицепремиерот Николоски. 

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерство за енергетика: Гасоводот со Грција напредува, се подготвува поврзувањето со Србија

Следно

Божиновска: Младите инженери имаат знаење и идеи за одржлива енергетска иднина

Latest from Blog

Божиновска: Младите инженери имаат знаење и идеи за одржлива енергетска иднина

Инвестицијата во знаење и млади инженери е подеднакво важна како и инвестицијата во енергетската инфраструктура, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на Четиринаесеттата студентска конференција за енергетска ефикасност

Министерство за енергетика: Гасоводот со Грција напредува, се подготвува поврзувањето со Србија

Изградбата на гасоводот со Грција напредува, паралелно се подготвува интерконекторот со Србија и се спроведуваат технички проверки за ставање во функција на домашните гасоводни делници, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални

Меџити: Заедничкиот развој и стабилноста се во интерес на Македонија и Косово

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, во Старата скопска чаршија ја пречека претседателката на Собранието на Косово, Албулена Хаџиу. На средбата разговараа за добрососедските односи, институционалната соработка и

Над 11 милиони денари промет на Македонската берза, најтргувана Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 27.10.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.858,11 поени. Во

„Кромберг и Шуберт“ и Германската стопанска комора ја зајакнуваат соработката во Битола

Фабриката на „Кромберг и Шуберт“ во Битола ја посетија директорката на Германската стопанска комора во Северна Македонија, Антје Ванделт, и заменик-директорката Лара Крстева Ичоќаева. За време на работната посета се одржал состанок
Go toTop