Татјана Стојановска по 15 години во Канал 5 ја продолжува телевизиската кариера во ТВ Алфа. Речиси истовремено, нов ангажман во телевизијата објави и Јанко Илковски.
Стојановска го потврди преминувањето за „Женски магазин“, изразувајќи задоволство од новиот професионален предизвик.
„Се радувам на новото поглавје во мојата кариера и на можноста да бидам дел од тимот на Алфа ТВ, каде што заедно ќе работиме во интерес на гледачите и јавноста“, изјави таа.
Пред ангажманот во Канал 5, Стојановска беше дел и од Македонската телевизија.
Илковски, пак, преку објава на социјалната мрежа X соопшти дека се приклучува на „Колегиум“ на ТВ Алфа.
„Од денес сум дел од КОЛЕГИУМ на ТВ АЛФА. Благодарам за поканата“, напиша тој.
Со овие ангажмани, ТВ Алфа го засилува својот тим со две познати имиња од домашната медиумска сцена.

