Факундо Бернал е фудбалерот на Бетис кој не го дочека крајот на дуелот против Барселона, откако беше исклучен во второто полувреме. Уругвајскиот интернационалец падна на провокацијата и потоа го нападна Ламин Јамал, па судијата му даде црвен картон.
Инцидентот се случи во 54 минута кога Бетис даде гол за намалување на предноста на противникот на 3:2, но наместо да слави, 22-годишниот играч на Бетис влезе во физичка пресметка со Јамал.
Поради овој физички напад, Дисциплинската комисија на шпанската фудбалска федерација реши да го суспендира Бернал на четири натпревари.
Од Бетис се жаела на оваа одлука, потенцирајќи дека и Јамал имал своја улога во создавање на целиот инцидент, но тоа не беше прифатено како валитен аргумент за намалување на суспензијата. Дисциплинската комисија ја разгледа снимката доставена од Бетис и ги отфрли неговите аргументи. Таа утврди дека однесувањето на Бернал претставува физички напад според член 103.1 од Дисциплинскиот правилник, за што е предвидена казна од најмалку четири натпревари суспензија. Исто така, беше нагласено дека фактот што Јамал не се здобил со повреда не ја менува правната квалификација на прекршокот.
Според оваа казна, Бернал ќе ги пропушти дуелите на Бетис од првенството против Селта Виго, Малага и Елче, како и Куп пресметката против Навалкарнера.
Извор: sportmanija.mk


