Третото коло во Лига на шампиони започна со два меча кои завршија со многу погодоци на двете страни. Фенербахче пред своите навивачи одигра нерешено 2:2 против над Славија Прага, во меч на кој целата драма се случи во почетните 15 минути и во финишот на дуелот.
Турскиот гигант започна фуриозно и со погодоците на Ајдин во 4 и на Гринвуд во 11 минута поведе со 2:0. Гостите од Прага брзо намали на 1:2 со голот на Провод, а тој резултат беше се до 90 минута кога Качор ги „смрзна“ домашните навивачи, погодувајќи за 2:2. Со ова реми, тимот од Прага го освои првиот бод сезонава во ЛШ.
Изненадуваше не дозволи Борусија Дортмунд која победнички си замина од Баку во пресметката со Сабах. Милионерите поведоа со голот на Гираси во 10 минута, но домаќините израмнија во 39 минута преку Мек-Карти. Сепак, азербејџанскиот тим не успеа да донесе мала радост за своите фанови затоа што Гираси со својот втор погодок, овојпат во 53 минута донесе нова радост за германскиот тим од 2:1. На крајот тоа се покажа како конечен резултат.
Извор: sportmanija.mk


