Проданоски: Прилеп ќе добие обновена спортска сала со 1.959 седишта

October 20, 2026
1 min read

Општина Прилеп ги завршила потребните административни процедури и активности за целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“, со што се создадени предуслови за реализација на проектот, информира градоначалникот Дејан Проданоски.

Планираната инвестиција изнесува 180 милиони денари со вклучен ДДВ. Проектот е предвиден во Програмата за изградба, реконструкција и санација на спортски објекти за 2026 година, а реализацијата е планирана во три фази, во периодот од 2026 до 2028 година.

Според најавата, по реконструкцијата салата ќе располага со 1.959 седишта за публика, современи инфраструктурни решенија и пристапи приспособени за сите корисници, вклучително и лицата со попреченост.

Зафатот опфаќа и реконструкција на електричните инсталации, водоводот, канализацијата и термотехничките системи. Целта е објектот повторно да се стави во функција и да обезбеди современи услови за тренинзи, натпревари и рекреација.

„Ова е инвестиција во нашите деца, во младите, во спортските клубови, во рекреацијата и во идните генерации спортисти кои заслужуваат современи услови за да ги развиваат своите таленти и да ги остваруваат своите соништа“, истакна Проданоски.

Градоначалникот упати благодарност до Владата и Министерството за спорт за поддршката, нагласувајќи дека обновата на салата претставува долгоочекуван проект за прилепчани.

„Продолжуваме посветено да работиме за Прилеп да добие спортска сала каква што заслужува“, порача Проданоски.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски: Четири милиони денари за нов простор за игра на децата во населбата „Типски“

Следно

Божиновска: Стопанската комора ќе се вклучи во подготовката на новата Стратегија за енергетика

Latest from Blog

Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија

Државна лотарија презеде мерки за отстранување на наследените неправилности уште пред изработувањето и објавувањето на извештаите на Државниот завод за ревизија. Ревизијата на работењето на Државната Лотарија во овие постапки од страна

Божиновска: Стопанската комора ќе се вклучи во подготовката на новата Стратегија за енергетика

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, на која се разговараше за имплементацијата на Стратегијата за рударство,

Проданоски: Четири милиони денари за нов простор за игра на децата во населбата „Типски“

Ново детско игралиште е изградено во прилепската населба „Типски“, со инвестиција од четири милиони денари и поддршка од Министерството за спорт преку владиниот повик за децентрализација на средствата, информира градоначалникот Дејан Проданоски.
Go toTop