Светските развојни банки ја засилуваат поддршката за критичните суровини, ЕБОР веќе присутна во Иловица

October 19, 2026
2 mins read

Мултилатералните развојни банки воспоставија нова рамка за соработка со цел да ја зајакнат поддршката за снабдувањето со критични суровини, од ископ на руда и преработка до производство и рециклирање. Меѓу институциите што ја најавија оваа иницијатива е и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која е присутна и во Македонија преку инвестицијата во проектот за рудникот Иловица – Штука.

Во заедничкото соопштение, Светската банка, ЕБОР, Европската инвестициска банка, Интерамериканската банка за развој, Азиската банка за развој и Африканската банка за развој најавуваат практична соработка во целиот синџир на критични суровини.

Посебен акцент е ставен на усогласувањето на еколошките и социјалните барања што се применуваат во активностите поврзани со металите и минералите, особено во рударството.

„Мултилатералните развојни банки ќе ја унапредат практичната соработка во врска со еколошките и социјалните барања, со цел да се идентификуваат областите на усогласување, да се промовира добра меѓународна индустриска практика и да се зајакне меѓусебната доверба таму каде што институционалните рамки го дозволуваат тоа“, се наведува во заедничкиот документ.

Новата рамка ја нагласува важноста на координираниот пристап кон критичните суровини, со истовремено внимание на развојот на индустријата, примената на добри практики и еколошките и социјалните стандарди.

Инаку, една од развојните банки е веќе присутна со свој удел во рударски проект во Македонија. Станува збор за инвестицијата во проектот за бакар „Иловица-Штука“, кој започнува во 2004 година со геолошки истражувања. Како што тогаш соопшти инвеститорот, проектот е дизајниран како модерен рудник кој ги имплементира принципите на Агендата на ОН 2030 за одржлив развој, а вклученоста на Европската банка за обнова и развој (EBRD), означува дека се имплементираат строгите критериуми за изведба, кои вклучуваат еколошка и социјална оддговорност, одржливи практики и ангажман на сите засегнатите страни. Проектот тежи околу 350 милиони евра и беше најавен како најголема гринфилд инвестиција во Македонија.

Шесте светски развојни банки пак, истакнаа дека нивната соработка може да вклучува и техничка размена и идентификување на соодветни практики во рударството, преработката и производството што се однесуваат на животната средина, здравјето и безбедноста. Банките ќе работат заедно и за да се справат со ризиците и финансиските ограничувања што ги попречуваат инвестициите за геолошките истражувања, екстракцијата, преработката, рафинирањето, производството и рециклирањето.

„Препознавајќи ја меѓусебната зависност на рударските проекти кои се економски исплатливи, како и инфраструктурата и вредносните синџири што тие ги поддржуваат, мултинационалните банки ќе идентификуваат можности за заедничка подготовка, паралелно финансирање, кофинансирање, банкарски гаранции и координирана техничка помош каде што соработката може да го подобри обемот, исплатливоста или влијанието врз развојот на проектот“, истакнуваат шесте развојни банки.

Претходно, претседателот на Светската банка, Аџај Банга, најави дека има цел за зголемување на финансирањето за критични минерали петкратно. Односно,  сума од 19 милијарди долари во текот на фискалниот период 2026-2030, за разлика од претходните 3,6 милијарди долари за периодот 2021-2025. Банката веќе идентификувала 20 земји-партнери и потпишала договори за соработка, во партнерство со мултилатерални развојни банки.

„Во однос на критичните минерали, планираме да ги зголемиме нашите бизниси петкратно во текот на наредните пет години. Оваа недела ги започнавме нашите први договори за соработка со земјите-партнери, во партнерство со мултилатералните развојни банки – со цел да се изградат локални индустрии и да се задржат повеќе работни места во земјите. Ова ќе им помогне на земјите во развој да остварат поголема вредност од ресурсите што се клучни за глобалната енергетска транзиција“, изјави претседателот на Светска банка, Банга.

Јасната насока кон критичните минерали е резултат на пошироките геополитички ризици поврзани со безбедноста на синџирите на снабдување со материјалите што се користат во електричните возила, батериите и инфраструктурата за обновливи извори на енергија. Кина моментално доминира во голем дел од глобалните капацитети за преработка на овие минерали, а Соединетите Држави работат на диверзификација на снабдувањето.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонскиот бизнисмен Никола Андреевски на вечера со Доналд Трамп во Мар-а-Лаго

Следно

Во Веро собрани 689 килограми храна за поддршка на околу 58 семејства

Latest from Blog

Македонскиот бизнисмен Никола Андреевски на вечера со Доналд Трамп во Мар-а-Лаго

Никола Андреевски, еден од истакнатите македонски претприемачи во Соединетите Американски Држави и добитник на признанието „Бизнис елит – 40 под 40“, присуствуваше на вечера на имотот Мар-а-Лаго во Флорида, каде што лично

Трамп го нападна Зеленски: Тој не сака војната да заврши; изгуби голем дел од својата земја и океани!

 Во објавата, Трамп ја оправда својата одлука да не го потпише новиот пакет санкции против Москва, кој беше одобрен од Конгресот на САД. Тој тврди дека „се постигнува голем напредок во преговорите“.

Евростат: Македонија со најниско ценовно ниво на храната и безалкохолните пијалаци

Храната и безалкохолните пијалаци во Македонија се 25,2% под просекот на Европската Унија. Најголема разлика има кај овошјето и јаткастите плодови, лебот и житарките, додека цените на маслата и мастите се најблиску
Go toTop