Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено да се вклучат Бразилецот и Килијан Мбапе во почетниот состав негативно влијае на рамнотежата на тимот.
Винисиус летоска потпиша нов долгорочен договор со мадридскиот клуб по долготрајни преговори, а во трансфер сагата беше вклучен и Арсенал кој се интересираше за Вини. По продолжувањето на договорот, формата на бразилскиот крилен напаѓач значително се влоши и тој не игра на претходното ниво.
„Мислам дека Реал Мадрид требаше да го пушти Винисиус да си замине. Повторно зборуваме за партнерството меѓу Мбапе и Винисиус. Тоа партнерство не ја докажа својата вредност. Па, според мое лично мислење како аналитичар, ќе беше подобро тој да си замине. Да видиме дали може да ги избрише сите негативни мисли и мислења насочени кон него“, рече Десаи.
Извор: sportmanija.mk


