Општина Бутел започна со целосна реконструкција на двата паркинга во населбата Скопје Север. Проектот има за цел подобрување на условите за паркирање и уредување на јавните површини за жителите.
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, информираше дека започна реконструкцијата на големиот и малиот паркинг на улицата „Костурска“, во рамки на инфраструктурните инвестиции во Скопје Север.

Со реализацијата на овој проект се очекува уредување на паркинг-просторот, подобрување на јавната инфраструктура и олеснување на секојдневието на жителите во оваа населба.
Од Општина Бутел информираат дека работите се дел од активностите за реализација на ветените проекти, со акцент на инфраструктурниот развој и подобрувањето на условите за живот во сите населени места во општината.



