Лесно е кога Елмас ќе даде гол, Аталанта убедливо победи, фаворитите немаа проблеми

October 16, 2026
1 min read

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го постигна најбрзиот гол во изминативе три дена во трите натпреварувања на УЕФА. Елмас погоди за водство на Аталанта во Бергамо кога по само 46 секунди даде гол против Пафос. Тој погодок на Елмас само ја отвори дефанзивната линија на гостите, па на крајот италијанскиот тим победи убедливо со 3:1.

Голот на македонскиот репрезентативец може да го видите ТУКА.

И останатите фаворити немаа проблеми во Конференциската лига вечерва. Бран со 2:1 го победи Линколн, Брајтон без проблеми со 4:0 славеше над Кауно, а Копенхаген со 3:0 беше подобар од Брага.

Во останатите мечеви кои се одиграа од 21 часот: Фрајбург – Јаблонец 3:2, Хартс – Нордсјеланд 1:1, Сент Труден – Иберија 2:0, Твенте – Тун 1:0.

На дуелите од пладневниот термин во фокус беше мечот во Лугано каде Црвена ѕвезда загуби со 3:2, а македонскиот репрезентативец Матеј Гаштаров имаше асистенција за гостите.

Извор: sportmanija.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хутите ѝ се закануваат на светската економија- зошто западните земји не ѝ понагаат на Саудиска Арабија?

Latest from Blog

Хутите ѝ се закануваат на светската економија- зошто западните земји не ѝ понагаат на Саудиска Арабија?

Исто така, го поставува прашањето зошто Западот не прави повеќе за да ги поддржи своите саудиски сојузници, објави британски Телеграф во авторски коментар. Нападите на Хутите се закануваат да предизвикаат уште поголеми

Трамп испраќа војска во Панама

САД испраќаат неколку стотици војници во Латинска Америка за обука на локалните сили и спроведување заеднички вежби, додека Пентагон ја проширува својата кампања против трговците со дрога во регионот, објави „Њујорк тајмс“,

Гаштаров асистираше за гол но Црвена ѕвезда прокоцка водство и загуби кај Лугано на Алиоски (Видео)

Новопечениот македонски репрезентативец, тинејџерот Матеј Гаштаров одигра одличен меч, но неговата Црвена ѕвезда загуби на гостувањето кај Лугано, во првото коло од Конферекциската лига на УЕФА. Лугано водеше со 1:0, потоа гостите

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и

Берзански промет од 11,4 милиони денари, најголем интерес за Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.056,22 поени. Во однос
Go toTop