Божиновска: Со новите закони до поголема контрола на јавно-приватните партнерства

October 15, 2026
1 min read

Економската оправданост на проектите и заштитата на јавниот интерес треба да бидат основа на јавно-приватните партнерства и концесиите, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на дискусија организирана од Центарот за граѓански комуникации.

Божиновска се осврна на реформите што се подготвуваат преку новиот Закон за јавно-приватно партнерство и Законот за концесии на добра од општ интерес. Според неа, целта е да се воспостави систем во кој приватниот капитал ќе го поттикнува развојот, со јасни правила, фер конкуренција и поголема институционална контрола.

„Не е целта да склучуваме што повеќе договори, туку да реализираме економски оправдани проекти што создаваат вистинска вредност за граѓаните“, истакна министерката.

Со новите законски решенија, како што посочи, се предвидуваат построга проценка на проектите, следење на финансиските ризици и електронски регистар на договорите за јавно-приватно партнерство. Овие механизми треба да придонесат за поголема транспарентност и отчетност.

Божиновска нагласи дека одговорноста на институциите мора да продолжи и по потпишувањето на договорите, преку доследно следење на исполнувањето на обврските и на резултатите од проектите.

„Сакаме инвестиции, но инвестиции со јасни правила, правна сигурност и реални придобивки за граѓаните и економијата“, порача Божиновска.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ во Битола, планирани 2.000 нови работни места

Следно

Мицкоски: „Кромберг и Шуберт“ го проширува производството, очекуваме над 400 милиони евра извоз

Latest from Blog

Мицкоски: „Кромберг и Шуберт“ го проширува производството, очекуваме над 400 милиони евра извоз

Компанијата „Кромберг и Шуберт“ започнува нов инвестициски проект во Битола за производство на автомобилски компоненти за „Ауди“, со кој се планирани 2.000 нови работни места во следните четири години, соопшти премиерот Христијан

Коњановски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ во Битола, планирани 2.000 нови работни места

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го поздрави потпишувањето на договорот меѓу Владата и компанијата „Кромберг и Шуберт“ за нов инвестициски проект во Битола, кој предвидува производство на автомобилски компоненти за „Ауди“ и

Трагедија во Пакистан – 33 ученици и еден наставник загинаа при уривање на покривот на училиште; сопственикот е уапсен

Сите загинати ученици биле помлади од 13 години. Сопственикот на училиштето е уапсен, а претседателот на Пакистан побара сеопфатна истрага за причините за несреќата. Најмалку 33 ученици и еден наставник загинаа кога

Негативна историја: Италијански дебакл во Лигата на шампионите

Италијанските клубови испишаа негативна историја во Лигата на шампионите. За првпат досега, екипите од Серија А забележаа четири порази во едно коло од елитното европско натпреварување. Во вторникот, италијанскиот шампион Интер неочекувано

Димитровски: Со „Energy Community“ ги утврдуваме потенцијалите за обновлива енергија во Битола

Претставници на општина Битола учествуваа на форумот „Зајакнување на учеството на граѓанското општество и социјалниот дијалог во праведната енергетска транзиција“, кој се одржа во Скопје. Секретарот на општина Битола Борче Димитровски, се
Go toTop