30 СЕНЗОРИ ЈА СЛЕДАТ ПЛАНИНАТА ХОХФОГЕЛ: Се подготвува ли масивно одронување?

October 14, 2026
1 min read

Научниците
предупредуваат на можноста од масивно одронување на карпи на планината Хохфогел
(дел од Алпите), која се издига на надморска височина од 2.592 метри, на
границата меѓу Германија и Австрија. Пукнатината што минува низ врвот постојано
се шири, а експертите проценуваат дека по падината би можеле да се срушат и до
400.000 кубни метри карпи и отпаден материјал.

Од јуни
наваму, од планината веќе се одрониле околу 2.000 кубни метри карпи, но
истражувачите сметаат дека следното уривање би можело да биде значително
поголемо. Пукнатината постои уште од XIX век; она што некогаш било процеп широк
колку човечки раменици, сега се проширило на неколку метри. Експертите ја
следат критичната област веќе 12 години, а од 2018 година се потпираат на
трајно поставени сензори и опрема за мерење. За следење се користи и дрон
опремен со ласерски скенер.

Оваа пролет
беа забележани поместувања од по пет милиметри неделно. На планината се
поставени повеќе од 30 сензори за со голема прецизност да се детектираат
промените и движењата на карпите. Поради опасноста, искачувањето од австриската
страна е веќе некое време затворено за планинарите, додека пристапот од
германската страна останува отворен.

Климатските
промени го забрзуваат процесот

Експертите
предупредуваат дека екстремните временски услови дополнително го забрзуваат
процесот. Обилните дождови, грмотевиците и топењето на снегот – појави што се
интензивираат поради климатските промени – можат да влијаат врз брзината и
зачестеноста на одроните. „На Хохфогел е видливо јасното влијание на обилните
врнежи – особено на силните дождови, грмотевиците и топењето на снегот“, изјави
Јоханес Лаинауер, член на истражувачкиот тим од Техничкиот универзитет во
Минхен.

Научниците
продолжуваат да ја следат состојбата на планината за навреме да ги детектираат
сите промени што би можеле да укажуваат на претстојно големо одронување на
карпи.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Два шампионски Бонус типови со квоти од 28 и 28.5

Latest from Blog

Бакарот станува стратешки ресурс – може ли Македонија да го претвори својот минерален потенцијал во економска можност?

Бакарот добива сè поголемо значење на глобалните пазари, додека аналитичарите предупредуваат на можен недостиг од 2027 година. Според UBS Group, дефицитот на металот следната година би можел да достигне 379.000 тони, во

Клучен енергетски објект што го снабдува Киев со греење и електрична енергија е погоден од руски балистички ракети

Енергетскиот објект и станбена зграда беа погодени во напад за кој претседателот рече дека дошол „без рано предупредување од  партнеритe“. Киев објави повеќе руски напади откако Трамп изјави дека Русија и Украина
Go toTop