Николоски: Шест автопати се градат истовремено, потфат со кој ретко која земја може да се пофали

October 13, 2026
1 min read

Македонија се наоѓа во период на интензивен инфраструктурен развој, со изградба на шест автопатски делници истовремено, инвестиции што треба значително да ја подобрат патната поврзаност во земјава и да дадат нов импулс на економијата. Станува збор за обемен градежен потфат со кој ретко која земја во регионот, па и пошироко, може да се пофали, истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, во вечерашното гостување во емисијата “Колегиум” на АЛФА ТВ.

Николоски се осврна на динамиката на изградба на автопатите, предизвиците со кои се соочуваат изведувачите и очекуваните рокови за завршување на делниците, посочувајќи дека секој од овие проекти има значајна улога во поврзувањето на регионите и заокружувањето на главните патни коридори.

Особено значаен проект е автопатот Кичево–Букојчани, чија изградба започна вчера и кој, според Николоски е клучен за поврзувањето на Коридорот 8 и за целосното функционирање на автопатската врска од Скопје, преку Тетово, Гостивар и Кичево, до Охрид и Струга.

“Автопатот Кичево-Букојчани е еден исклучително значаен проект, проект којшто ја прави целината на автопатот кој што оди од Скопје, преку Тетово, Гостивар, Кичево, до Охрид и до Струга, но исто така е клучен за Коридорот 8, затоа што без овој автопат, трите други автопати коишто се градат во моментов, Охрид-Кичево, Букојчани-Гостивар и Гостивар-Тетово, ќе немаа смисла, односно ќе не можат да се спојат. Со овој автопат целиот Коридор 8 добива смисла”, рече заменик претседателот на Владата.

Николоски посочи дека станува збор за исклучително тежок, планински терен, на кој ќе се градат тунел долг 370 метри, пет големи вијадукти, четири помали мостови, пет натпатници, четири потпатници и две клучки. Како особено значајно го истакна и учеството на домашните инженерски компании.

Вицепремиерот зборуваше и за диманиката на изградба и на останатите автопатски делници, при што истакна дека очекувањата се секаде роковите на изградба да бидат запазени.

“На автопатот Прилеп-Битола, работите се одвиваат со одлична динамика, рокот на завршување е до крајот на 2029 година, но очекувам веќе в година да имаме отворено дванаесетина километри од 40. 

Тетово-Гостивар, иако изгледа лесен, има доста објекти и таму има предизвици, но се решаваат и очекувам исто така во рокот до крајот на 2029 година да биде завршен. 

Гостивар Букојчани, или обиколницата на Стража, тој е најтежок за работа, затоа што целиот е низ планина, има многу мостови, еве веќе почна осмиот мост да се работи овие денови. Тој е 31км, и таму очекувам 2029-2030 да биде завршен. 

Букојчани-Кичево рокот за изведба е 4 години, изведувачите ветуваат дека за 3 години и 6 месеци ќе го завршат и Охрид-Кичево, една поголема делница очекувам да пуштиме во следниве месец дена, а целиот да биде завршен напролет во зависност од временските прилики”, истакна вицепремиерот Николоски.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски: Прилеп е регионален лидер во циркуларната економија

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп е регионален лидер во циркуларната економија

Општина Прилеп е добитник на „Municipal Circular Leadership Award 2026“, признание за општинско лидерство во циркуларната економија. Според градоначалникот Дејан Проданоски, меѓународното жири го избрало Прилеп за најуспешен во оваа категорија на

Коњановски: Со амбасадорката Гетцова разговаравме за збратимување со чешки град

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со амбасадорката на Република Чешка во Македонија, Ирена Гетцова, на која разговарале за продлабочување на соработката во економијата и културата, како и за

Позитивен ден на Македонската берза: Раст кај Алкалоид, Макпетрол и Комерцијална банка

Македонската берза во раст: МБИ10 зголемен за 0,37 отсто, најголем промет со акциите на Алкалоид Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската
Go toTop