Општина Битола: Електронско јавно наддавање за закуп на општински простор на Широк Сокак

October 13, 2026
1 min read

Предмет на електронското јавно наддавање е давање на деловни простории на ул.„Широк Сокак“ бр.160 Битола, сопственост на Општина Битола. 

Увид во урбанистичко планска документација, увид на лице место и увид во сликовен приказ може да се изврши во административните простории на Општина Битола, во канцеларија бр.12 секој работен ден (од понеделник до петок) од 7.30 часот до 15.30 часот.

Право на учество на јавното наддавање имаат сите заинтересирани домашни и странски, физички и правни лица кои можат да се стекнат со право на сопственост на недвижни ствари во земјата согласно со закон и кои ги исполнуваат условите дадени во објавата.
Заинтересираните правни и физички лица поднесуваат Пријава за учество на јавното наддавање.

Пријавата за учество на јавното наддавање се поднесува електронски преку информацискиот систем за јавно наддавање https://www.e-stvari.mk и треба да ги содржи сите податоци и докази кои се утврдени во објавата за електронско јавно наддавање.
Оваа објава трае 21 (дваесет и еден) календарски ден и почнува да тече од денот на објавување и тоа од 13.10.2026 година и ќе трае заклучно со 02.11.2026 година до 24:00 часот.

Повеќе информации на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/objava-br-8/

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп: Путин покажува поголема подготвеност за мировен договор отколку Зеленски

Следно

ЕУ отвора пат за 46 стратешки проекти за критични суровини – каде е Македонија во европската трка за бакар?

Latest from Blog

ЕУ отвора пат за 46 стратешки проекти за критични суровини – каде е Македонија во европската трка за бакар?

Европската Унија дефинираше 46 стратешки проекти за критични суровини, со цел да ги развива различните фази од нивниот синџир на снабдување. Бакарот е меѓу најзастапените суровини во пакетот: 19 проекти го вклучуваат

Трамп: Путин покажува поголема подготвеност за мировен договор отколку Зеленски

Одговарајќи на новинарско прашање за руските напади врз украинската енергетска инфраструктура, и покрај најавениот прекин на огнот, Трамп рече дека ќе ги разгледа информациите, додавајќи дека прекршувања имало „од двете страни“. Запрашан
Go toTop