Лотар Матеус посочи кој треба да застане на голот на Баерн: „Ме потсетува на младиот Нојер“

October 12, 2026
1 min read

Легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус не штедеше пофалби за младиот голман на Баерн Минхен, Јонас Урбиг, во кого гледа потенцијален наследник на Мануел Нојер на голот на баварскиот гигант.

Дваесет и тригодишниот чувар на мрежата со своите настапи во дресот на Баерн и германската репрезентација оставил одличен впечаток кај поранешниот капитен на Германија. Матеус особено ги истакнува неговата смиреност, сигурноста со топката и способноста активно да учествува во изградбата на нападите.

„Се претстави извонредно, и на теренот и надвор од него, како во Баерн така и во репрезентацијата. Начинот на кој игра и леснотијата со која ја контролира топката ме потсетуваат на Мануел Нојер“, изјави Матеус во емисијата „Скај90“.

Поранешниот германски репрезентативец отиде и чекор понатаму, споредувајќи го младиот голман со Марк-Андре тер Штеген, еден од најдобрите чувари на мрежата во неговата генерација.

„Смиреноста со која игра со топката и ги започнува нападите е дури и подобра од онаа на Тер Штеген. Урбиг е попрецизен, појасен и посмирен во своите потези. А сето тоа го прави на толку млада возраст. Затоа реков дека ме потсетува на младиот Мануел Нојер“, нагласи Матеус.

Во моментов, Урбиг е втора опција на Баерн, зад искусниот Нојер, но сè поголемо внимание се посветува на неговата иднина и можноста во наредниот период да ја преземе улогата на прв голман на минхенскиот клуб.

Се очекува младиот Германец да добие шанса и на натпреварот од Лигата на шампионите против Викинг од Ставангер, што би бил негов трет настап оваа сезона. Баерн планира да ја распределува минутажата меѓу двајцата голмани, а Урбиг да стекнува дополнително искуство на највисоко ниво.

Матеус верува дека прашање на време е кога младиот голман ќе го наследи Нојер.

„Тој сè уште учи од Мануел Нојер и на крајот ќе го замени, без разлика дали тоа ќе се случи во текот на оваа сезона или најдоцна по нејзиниот крај“, смета легендарниот Германец.

Матеус очекува Урбиг да добие значителна минутажа во актуелната сезона, а неговите амбиции одат дотаму што го гледа и како сериозен кандидат за местото прв голман на германската репрезентација на Европското првенство во 2028 година.

Извор: sportmanija.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средба на Проданоски со прилепчанецот Оливер Димоски, заменик-градоначалник во Сиднеј

Следно

Лотар Матеус посочи кој треба да застане на голот на Баерн: „Ме потсетува на младиот Нојер“

Latest from Blog

Најопасната закана од Америка за Украина досега

 Условот е Киев да престане со нападите со оружје со долг дострел врз руските енергетски постројки. Двајца европски претставници ја потврдија оваа информација за Си-ен-ен (CNN). За време на викендот, Стејт департментот

Лотар Матеус посочи кој треба да застане на голот на Баерн: „Ме потсетува на младиот Нојер“

Легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус не штедеше пофалби за младиот голман на Баерн Минхен, Јонас Урбиг, во кого гледа потенцијален наследник на Мануел Нојер на голот на баварскиот гигант. Дваесет и тригодишниот

Средба на Проданоски со прилепчанецот Оливер Димоски, заменик-градоначалник во Сиднеј

Можностите за соработка и зајакнување на врските со македонските иселеници во Австралија беа тема на средбата меѓу градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, и Оливер Димоски, прилепчанец кој извршува одговорна функција во локалната

Проданоски: Баталјонот „Мирче Ацев“ е посебна гордост и силна врска на Прилеп со Армијата

Во рамки на програмата „Приказна за градот херој“, по повод одбележувањето на 85 години од 11 Октомври – Денот на народното востание, во Прилеп беа презентирани современата опрема, техничките средства и оперативните
Go toTop