Сантос загуби со 1:2 на гостувањето кај Атлетико Минеиро во меч на кој Нејмар одби да игра поради тоа што теренот има вештачка подлога. Овој натпревар беше директна борба за петтото место во бразилската Серија А – позиција што обезбедува пласман во квалификациските кола за Копа Либертадорес. По овој пораз Сантос е далеку од таа цел.
Отсуството на Нејмар се покажа како клучно, со оглед на тоа што само неколку дена претходно тој покажа одлична форма постигнувајќи два гола против шампионот Фламенго. Сепак, Нејмар не играше против Атлетико бидејќи на стадионот „Пресиденте Елијас Калил“ во Бело Хоризонте – домашниот терен на Атлетико Минеиро – има вештачка подлога.
Нејмар одбива да игра на таква трева по еден претходен натпревар против истиот противник. За време на натпреварот меѓу овие две екипи во 2025 година, неговото стапало заглави во подлогата уште во првата минута, поради што му беше потребна медицинска интервенција. Нејмар е играч чија кариера ја одбележаа бројните повреди, па сега тој внимава и се плаши да игра на секаков терен.
Сантос има за што да жали на ова гостување затоа што загуби во драматичен финиш. Немаше голови до 88 минута кога токму Сантос погоди за водство од 1:0. Сепак, Витор Уго израмни во првата минута од судиското надополнување, а во седмата минута од додаденото време, Тиаго Борбас го комплетираше драматичниот пресврт и ја обезбеди победата за домаќините, тимот на Атлетико Минеиро.
Извор: sportmanija.mk


