Керик пред отказ, Манчестер јунајтед гледа кон Јулијан Нагелсман

October 12, 2026
1 min read

Манчестер јунајтед веќе размислува за нов тренер, а како едно од имињата што се разгледуваат за клупата на англискиот гигант се споменува германскиот стратег Јулијан Нагелсман.

Последното разочарување и ремито 1-1 против Тотенхем дополнително го засилија незадоволството на „Олд Трафорд“. Иако Манчестер јунајтед имаше предност, а гостите од Лондон останаа и со играч помалку, домаќините не успеаја да ја сочуваат победата. Доминик Соланке погоди во судиското продолжение и им донесе бод на гостите.

Резултатот повторно ја отвори дебатата за иднината на Мајкл Керик, кој ја презеде екипата во јануари годинава. По шест одиграни првенствени натпревари, Јунајтед има само шест бода, што е далеку од амбициите на клубот за враќање во врвот на англискиот фудбал.

Според информациите што ги пренесуваат медиумите, раководството на Црвените ѓаволи сè посериозно ја разгледува можноста за промена на тренерската позиција, а во тие планови се појави името на Јулијан Нагелсман.

Претставниците на германскиот стратег наводно се подготвени да разговараат со англискиот клуб за потенцијална соработка. Притоа, би се разгледале плановите на Јунајтед, како и тоа дали проектот на клубот се совпаѓа со фудбалската филозофија на Нагелсман.

Германецот иако е релативно млад, има богато тренерско искуство, стекнато во Хофенхајм, Лајпциг и Баерн Минхен, а од 2023 година ја предводеше и германската репрезентација. Неговиот профил одамна е интересен за најголемите европски клубови, па евентуалното доаѓање на „Олд Трафорд“ би претставувало значаен потег.

По новото губење бодови, притисокот врз Керик расте, а прашањето за неговата иднина повторно станува една од главните теми во Манчестер јунајтед.

Извор: sportmanija.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

E dhimbshme, ky është 29-vjeçari që dyshohet se u vra nga babai i tij në Pogragjë të Gjilanit

Следно

Dogana e Kosovës ndalon mallra të padeklaruara në Han të Elezit

Latest from Blog

БИО ЕНТЕРПРАЈЗ ДОБИ ПРИЗНАНИЕ ОД „МАКПРОГРЕС“ ЗА ПОМОШТА ПРИ ПОЖАРОТ ВО ФАБРИКАТА „ВИНЧИНИ“

Био Ентерпрајз, компанија од групацијата ФЕРО ИНВЕСТ / ЦЕНТРАЛ ИНВЕСТ, доби плакета за благодарност од „Макпрогрес“ за помошта што ја обезбеди при големиот пожар кој пред една година зафати дел од фабриката

Ираола: Црвениот картон на Гравенберх го промени текот на дербито

Менаџерот на Ливерпул, Андони Ираола, смета дека исклучувањето на Рајан Гравенберх било клучниот момент во поразот од Манчестер сити со 0-3 на „Енфилд“. Гостите постигнаа три гола за 13 минути, откако домашниот
Go toTop