Милан освои само бод на гости кај Сасуоло

October 11, 2026
1 min read

Милан не успеа да стигне до победа на гостувањето кај Сасуоло, ремизирајќи 1-1 во натпреварот од шестото коло во Серија А. Росонерите први поведоа во второто полувреме, но домаќините брзо возвратија и до крајот успешно го зачуваа нерешениот исход.

По мирните први 45 минути, влегувањето на Лука Модриќ во игра донесе поголема динамика во нападот на Милан. Хрватскиот ветеран веднаш се вклучи во акциите на гостите, а во 63-тата минута беше асистент при водечкиот погодок. Модриќ одлично го проигра Адриен Рабио, кој со силен удар под пречката го совлада противничкиот голман за 0-1.

Сепак, предноста на Милан траеше само пет минути. По корнерот на Лориенте и мешаницата во казнениот простор, резервистот Одентал најдобро се снајде и ја испрати топката во мрежата за 1-1 во 68-та минута.

До последниот судиски свиреж Милан се обидуваше повторно да дојде до водство, но Сасуоло успешно ги затвори приодите кон својот гол и стигна до значаен бод.

Извор: sportmanija.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку 109 мигранти загинаа кога бродот се преврте во близина на Џибути

Следно

Numri i policëve shqiptarë në Luginë gjithnjë e më i vogël

Latest from Blog

ТРАМП ПРОГЛАСИ ПРИМИРЈЕ. Зеленски е изненаден: Армијата доби наредба

Американскиот претседател Доналд Трамп одеднаш објави дека „„енергетското примирје“ меѓу Русија и Украина ќе стапи на сила веднаш“. „Двете страни се согласија. Не го кршете! Ви благодарам за вниманието. Претседателе ДОНАЛД Џ.
Go toTop