„ВРЕМЕ Е УКРАИНА ДА ДОБИЕ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ!“ Трамп повика на смена на Зеленски: „Имаше многу шанси, не искористи ниту една од нив“ (ВИДЕО)

October 10, 2026
1 min read

Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, отворено повика на промена во украинското раководство, велејќи дека е време Украина да добие нов претседател наместо Володимир Зеленски.

Тој ја даде изјавата пред новинарите во Белата куќа, во време на растечки тензии меѓу Вашингтон и Киев поради американскиот договор со Русија за испорака на дизел, пренесува АП.

– Знаете што предлагам? Предлагам да добијат нов лидер кој можеби ќе може да посредува во договор. Бидејќи тој би можел да склучи многу договори, но од некоја причина никогаш не го прави тоа. Мислам дека е време Украина да добие нов претседател – рече Трамп.

Трамп ги критикуваше нападите на Зеленски и Украина врз руските рафинерии, велејќи дека тие влијаат на снабдувањето со дизел на светскиот пазар.

– Им рековме: „Можете да правите што сакате со Русија, но не ги напаѓајте рафинериите, бидејќи тоа создава проблем за целиот свет“, – рече Трамп.

Тој го обвини Зеленски дека предизвикува проблеми на глобално ниво со своите постапки, вклучително и за американските земјоделци.

– Тој сака да создаде проблеми за нашите земјоделци и сточари поради горивото, бидејќи Русија снабдува голем дел од светот со овој извор на енергија – рече американскиот претседател.

Трамп додаде дека Вашингтон го предупредил Киев да не ги напаѓа производствените капацитети за дизел, тврдејќи дека веќе има голем недостиг од гориво на пазарот.

– И што прави тој? Тој оди и ги напаѓа производствените капацитети за дизел – рече Трамп, додавајќи дека Зеленски „мора да престане да го прави тоа“.

Американскиот претседател со тоа повторно ја доведе во прашање подготвеноста на Зеленски да постигне договор со кој ќе се стави крај на војната со Русија.

Изјавите на Трамп дојдоа откако вчера објави дека е постигнат договор со рускиот претседател Владимир Путин за испорака на големи количини руски дизел на светскиот пазар. Со овој потег, Вашингтон се обидува да го ублажи порастот на цените на горивата, кои дополнително се зголемија поради војната со Иран.

Според најавата на Трамп, Русија треба веднаш да испорача повеќе од 300.000 тони дизел, по што ќе следат дополнителни 500.000 тони во ноември и уште еден милион тони потоа. Најавени се и дополнителни испораки.

Зеленски остро го критикуваше овој договор, предупредувајќи дека дополнителните приходи од продажбата на руски енергетски производи ќе ѝ овозможат на Москва да ја продолжи војната.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Daçiqi kërcënon me flamurin serb mbi Prizren, Abrashi ia kujton vizitën e vitit 2010

Latest from Blog

Во Шведска е одигран најлудиот меч во историјата, паднаа 11 гола во вториот дел, а победникот беше решен во 99-та минута (Видео)

Фудбалерите на АИК и Бромапојкарна одиграа натпревар за паметење во шведскиот фудбал, во кој беа постигнати дури 11 гола во второто полувреме. Гостите на крајот славеа со неверојатни 5-6, иако во финишот

Хет-трик на Нкунку во дебаклот на Ајнтрахт Франкфурт (Видео)

Лајпциг продолжи со убедливите настапи и по репрезентативната пауза, откако на домашен терен го прегази Ајнтрахт Франкфурт со неверојатни 6-0 во натпреварот од петтото коло во Бундеслигата. Во центарот на вниманието беше

Димовска: Условната осуда со надзор не значи дека сторителот останал неказнет

Пробацијата не претставува привилегија или неказнивост, туку начин на извршување санкција под надзор, со цел осуденото лице да се ресоцијализира. Ова го порача претседателката на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска, во
Go toTop