Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денеска оствари средба со најмладите жители на општината, кои имаа можност одблиску да се запознаат со работата на локалната самоуправа и со обврските на градоначалникот.
На средбата, на едноставен и разбирлив начин, првачињата разговарале за тоа како функционира Општината, како се носат одлуките и на кој начин тие влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните.
Посебно внимание, како што посочи Тоневски, привлекле љубопитноста и искреноста на најмладите, како и нивната желба да поставуваат прашања, да споделат идеи и да бидат слушнати.
„Нашите најмлади сограѓани заслужуваат да растат во безбедна, убава и развиена општина, а наша обврска е да создадеме услови токму за тоа“, порача Тоневски.
Тој на првачињата им посака успешен почеток на нивното училишно патување, исполнето со нови знаења, пријателства и убави моменти.


