Маскиран маж провалил во зградата каде што живее Шолц, успеал да ѝ избега на полиција

March 28, 2023
1 min read

Според полицијата, станува збор за обид за кражба, а медиумите пишуваат дека осомничениот успеал да провали и во еден од становите на семејството Шолц, но избегал со оглед дека бил забележан од соседите

Photo: EPA-EFE/CLEMENS BILAN / POOL

Маж со маска на лицето провалил во зградата во која живее германскиот канцелар Олаф Шолц во Потсдам, објавија германските медиуми.

„Шпигел“ објави и фотографија од безбедносните камери на кои се гледа лице со маска, ракавици, светилка и качулка на главата како влегува во зградата.

Портпаролката на полицијата Беата Карделс за весникот „Билд“ изјави дека непознат маж се обидел да провали во стан околу 20:30 часот, но соседот го забележал и пријавил во полиција.

„Пристигнавме во рекордно време, но осомничениот избега“,

рече Карделс додавајќи дека полицијата извршила увид.

Според неа, станува збор за обид за кражба, а полицијата го засилила своето присуство околу зградата и околните населби.

Медиумите пишуваат дека крадецот успеал да провали во еден од становите на семејството Шолц, но тогаш избегал со оглед дека го виделе соседите.

Според „Билд“, германскиот канцелар во тој период не бил во станот.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Град Скопје ги отвора понудите од превозниците: На повидок нормализација на јавниот превоз

Следно

Полицијата кај напаѓачката во училиштето во Нешвил пронашла планови за други напади

Latest from Blog

Лацио славеше и во Удине за “три од три“

ФОТО:facebook.com/UdineseCalcio1896/ Три натпревари, три победи за Лацио. Екипата од Рим славеше во Удине против Удинезе, и по голем пресврт, беше 1:2 (0:0). Поради исклучителната физичка подготовка на екипата на Џенар Гатузо, тие

Пентагон во август собориле околу 100 дрона на јужната граница на САД- нарко картелите се закануваат

Американската војска даде редок увид во своите операции на јужната граница, откривајќи дека само во август соборила „приближно 100“ дронови за кои се сомнева дека им припаѓаат на картели, потврди за „Фокс

Од „Камп Ноу“ до третата лига во ОАЕ: Кристијан Тељо оди во пензија

Поранешниот крилен напаѓач на Барселона, Кристијан Тељо, на 35-годишна возраст објави дека става крај на професионалната кариера. Шпанецот одигра 512 натпревари во шест различни земји, а најдобрите години ги помина во Барселона,

Трамп ги претстави униформите на вселенските сили на САД- копија од „Војна на ѕвездите“ (ФОТО)

Најновата гранка на американската војска беше предмет на потсмев поради своите футуристички униформи. Сепак, многумина беа изненадени кога Трамп најави нова „Униформа за формална служба“ за воената гранка, наречена „Следна генерација“, што
Go toTop