Кој е најтранспарентен? Министерството за енергетика со максимални 100 проценти

September 28, 2026
1 min read

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е најтранспарентна институција меѓу министерствата и Владата во 2026 година, покажува годишното рангирање на Центарот за граѓански комуникации според Индексот на активна транспарентност.

Истражувањето, објавено денеска, 28 септември, по повод Меѓународниот ден на универзалниот пристап до информации, опфаќа 102 институции – Владата, сите министерства и општините.

Просечната активна транспарентност на министерствата, Владата и општините годинава изнесува 82 проценти, што е подобрување за два процентни поена во однос на минатогодишните 80 проценти.

Кај Владата и министерствата активната транспарентност достигнува 86 проценти, во споредба со 84 проценти во 2025 година. Општините, пак, имаат просек од 81 процент, наспроти 79 проценти лани.

Сепак, и покрај просечното подобрување, 41 процент од опфатените институции годинава имаат пониско ниво на активна транспарентност во споредба со претходната година.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се искачи на првото место со максимални 100 проценти активна транспарентност. Со тоа, по пет години водство, Министерството за одбрана ја загуби лидерската позиција.

Кај општините, целосни 100 проценти активна транспарентност имаат Градско, Демир Хисар, Зрновци и Штип. Истражувањето покажува дека ниту една од општините што минатата година биле лидери не ја задржала истата позиција.

Источниот Регион четврта година по ред е на првото место меѓу регионите, со дополнително подобрување на резултатот – од 88 проценти минатата година на 91 процент во 2026 година.

На спротивниот крај од рангирањето се наоѓа Општина Лозово, која и годинава има најниска активна транспарентност меѓу сите опфатени институции, со 36,9 проценти.

Истражувањето покажува и дека финансиите остануваат област во која институциите објавуваат најмалку информации. Министерствата објавуваат 71 процент од предвидените информации, додека кај општините процентот е уште понизок и изнесува 64 проценти.

Дополнително, при тестирањето на одговорите на барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер, 32 проценти од институциите одговориле по истекот на законскиот рок или воопшто не одговориле на испратеното барање.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: „Паљо Класик Опен“ ги собра најдобрите бодибилдери од регионот во Битола

Следно

Коњановски: Ова е само почеток за Рустемовски, Битола верува во неговиот олимписки сон

Latest from Blog

Коњановски: Ова е само почеток за Рустемовски, Битола верува во неговиот олимписки сон

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска организираше прием за младиот македонски боксер Ален Рустемовски, кој освои бронзен медал на Европското првенство во бокс што се одржа во Бугарија. На средбата, Рустемовски и

Коњановски: „Паљо Класик Опен“ ги собра најдобрите бодибилдери од регионот во Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, синоќа присуствуваше на четвртиот по ред „Паљо Класик Опен 2026“, заедно со претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски. Станува збор за еден од најпрепознатливите бодибилдинг

Саудиска Арабија повеќе од двојно го зголеми својот извоз на нафта за само еден месец

Ова закрепнување е поттикнато од зголемениот извоз преку Ормутскиот теснец, за ​​кој се очекува овој месец да достигне приближно 7,4 милиони барели дневно. Прелиминарните податоци укажуваат на тоа дека Саудиска Арабија пренасочила
Go toTop