Димитриеска-Кочоска во Њујорк на форум за растот и иднината на новата економија

September 22, 2026
1 min read

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска во Њујорк ќе учествува на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“, во рамки на Sustainable Development Impact Meetings 2026, организирани од Светскиот економски форум.

Како што информира Димитриеска-Кочоска, на сесијата ќе се разговара за предизвиците и можностите за економски раст во новите глобални услови, со посебен фокус на инвестициите, енергетската сигурност, одржливоста и конкурентноста.

Според министерката, важно е Македонија да биде дел од глобалниот дијалог за политиките и економските процеси кои ќе го обликуваат растот во годините што следуваат.

Учеството на работната сесија, како што посочува Димитриеска-Кочоска, претставува можност за размена на искуства и ставови со меѓународни претставници и за следење на глобалните економски трендови.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски со австралискиот амбасадор: Фокус на инвестиции, економска соработка и нови проекти

Следно

“Ndalova konfliktin Kosovë-Serbi”, Trump numëron 8 konfliktet që u dha fund: Më shkruajtën letra falënderimi

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop