Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

September 17, 2026
1 min read

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија.

Годинашниот 70. Конгрес на ФУЕН ќе се одржи од 17 до 20 септември 2026 година во Хелсинки, Финска. Нашето друштво е рамноправен член на ФУЕН од 16 мај 2015 година и е дел од Работната група на словенските малцинства при Унијата. Оттогаш редовно учествуваме на сите одржани конгреси, рече за Македонски весник “Илинден“ Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

„Ние како друштво ќе предложиме Резолуција за унапредување на правата на македонското национално малцинство во Албанија“, додава Ѓурѓај.

Конгресот ќе биде посветен на актуелните прашања за заштитата на националните малцинства, јазичните права и идниот развој на ФУЕН. Домаќин е Шведското собрание на Финска (Folktinget).

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитриеска-Кочоска: ЦЕБ досега одобри 314 милиони евра за 10 проекти во Македонија

Следно

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени

Димитриеска-Кочоска: ЦЕБ досега одобри 314 милиони евра за 10 проекти во Македонија

17 септември 2026 година, Скопје – Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) е долгогодишен и значаен партнер на земјава во реализацијата на проекти насочени кон подобрување на образованието, социјалната инфраструктура

Николоски: 130-тонски машини копаат до 28 метри под земја за изградба на најтешкиот дел од автопато Охрид-Кичево

Во денешната изјава за медиуми заменик претседателот на владата и министер за транспорт Александар Николоски, зборуваше за градежните активности на најсложениот дел од автопатот кај Ботун, како и за техничкото решение со
Go toTop