Николоски: 130-тонски машини копаат до 28 метри под земја за изградба на најтешкиот дел од автопато Охрид-Кичево

September 17, 2026
2 mins read

Во денешната изјава за медиуми заменик претседателот на владата и министер за транспорт Александар Николоски, зборуваше за градежните активности на најсложениот дел од автопатот кај Ботун, како и за техничкото решение со кое се стабилизира нестабилното земјиште. Тој посочи дека специфичните услови на теренот досега претставувале сериозен предизвик за изградбата, но преку со ангажирање домашни и странски експерти е пронајдено решение. Николоски објасни дека проблемот произлегува од природните карактеристики на земјиштето, што ја отежнува стабилизацијата на теренот.

,,Има работи што можеме да ги направиме и работи што не можеме да ги смениме. Она што не можеме да го смениме е земјата. Околу вас можете да видите дека се работи за црна графитна земја, која што е најнестабилна земја, којашто воопшто може да се најде. Таква е планината. Тука дополнително има многу вода, што може да се види по вегетацијата, околу нас и кога водата ќе се спои со графит, тогаш настанува една каша и нема никаква стабилизација. Тоа е причината зошто овој дел околу селото Ботун до сега беше невозможно“, рече Николоски.

Тој истакна дека условите во тој дел се главната причина поради која тој дел од автопатот е сложен и бара поинаков пристап, а кажа и дека во процесот да се најде решение за истото биле вклучени домашни професори и експерти, научници, и компанијата ,,Синохидро“.

,,Ги собравме најголемите умови кои што ги има Македонија, ги собравме најдобрите професори кои што ги има Македонија и најискусните луѓе, во соработка со светски научници, со луѓе кои што ова го правиле на други места во светот и секако во соработка со ,,Синохидро“ и со нивни научници и решението го имаме позади нас. Имено, стабилизацијата ќе оди со една специјална техника која што кога ќе се изгради автопатот, за жал никој веќе нема да може да ја види и затоа сакавме денеска да ја презентираме“, кажа Николоски и додаде:

,,Позади нас можеме да видиме машини, од кои што секоја тежи по 130 тона, такви во моментов има три, ќе се додадат уште две, пет машини кои што специјално се донесоа за оваа работа, се донесоа надвор од државата. Секој од овие машини влегува во земјата во должина од 20 до 28 метри. Тоа е помеѓу 7 и 11 ката зграда. Се влегува во земјата 7 до 11 ката надолу, се спуштаат арматурни кафези, секој арматурен кафез тежи по 30 тона железо и истите после тоа се поливаат со бетон. Помеѓу нив има цевки и има челични јажиња, кои што ги држат едните со другите и практично ние под земјата создаваме една целосна структура која што треба да ја држи основата на автопатот. Вакви решенија ќе се направат вкупно 250 на автопатот Охрид-Кичево коишто 163-те се кај Ботун, останатите се на останатиот дел од автопатот, вклучувајќи и кај Кнежино, кај Кичево и на овој начин се решава најтешкиот дел од автопатот“.

Николоски вели дека ова решение е новина во целиот регион и поради тоа е и предмет на интерес кај стручната јавност.

,,Ова е убедливо инженерски најтешкиот дел и ова е делот кој што претставува новина не само Македонија, токму во целиот регион, нешто за што ќе се предава на факултетите и несклучено најголемиот светски симпозиум на научници во делот на градежништвото од вчера почна во Скопје, денеска се предава токму за ова што е позади нас“.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„СЕ КОЦКААТ СО НАШИТЕ ЖИВОТИ“: Експертите алармираат за неконтролираниот развој на вештачката интелигенција

Следно

Димитриеска-Кочоска: ЦЕБ досега одобри 314 милиони евра за 10 проекти во Македонија

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop