Божиновска: Нема да дозволиме јавниот интерес и животната средина да бидат ставени во втор план

September 15, 2026
2 mins read

Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска беа презентирани резултатите од независната експертска ревизија на Предлог-законот за геологија и Предлог-законот за рударство, со која се потврдува дека предложените законски решенија се современи, сеопфатни и во значителна мера усогласени со европските стандарди и најдобрите меѓународни практики.

На стручната средба, на која присуствуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, експертите ги презентираа наодите од анализата и препораките за дополнително унапредување на законските текстови.

Независната експертска ревизија ја изработија проф. д-р Вјечеслав Боханек и Кристи Дизни Брукнер, во соработка со граѓанската организација „Нов Трет Пат“, а во процесот беа вклучени и претставници на Министерството, Геолошкиот завод и Државниот инспекторат за енергетика и минерални суровини.

Експертите дадоа многу позитивна оценка за предложените законски решенија, посочувајќи дека тие воспоставуваат современа, јасна и меѓусебно усогласена рамка за геолошките истражувања и рударските активности.

Во рамки на експертизата е направена и компаративна анализа со законодавствата на шест земји членки на Европската Унија – Австрија, Германија, Полска, Чешка, Финска и Хрватска, при што е утврдено дека предложениот македонски модел е во согласност со релевантните европски практики.

Посебно внимание е посветено на современите европски политики во областа на критичните и стратешките минерални суровини, управувањето со геолошките податоци, заштитата на животната средина, одржливото користење на природните ресурси и одговорното управување со рударскиот отпад и затворањето на рудниците.

„Нашата цел не е само формално усогласување со европското законодавство. Сакаме да донесеме закон кој ќе биде функционален, применлив и современ, закон кој ќе создаде јасни правила и правна сигурност, ќе овозможи развој на рударскиот сектор и одговорни инвестиции, но истовремено ќе гарантира дека јавниот интерес, граѓаните, животната средина и локалните заедници нема да бидат ставени во втор план“, истакна министерката Божиновска.

Таа посочи дека Македонија има потенцијал за развој на рударството и искористување на минералните суровини, но дека идниот развој мора да се темели на високи стандарди, транспарентни процедури, јасни правила и одговорно управување со природните богатства.

„Рударството треба да биде двигател на економскиот развој, но придобивките од инвестициите мора да бидат пошироки – за државата, за економијата, за локалната самоуправа и пред сè за граѓаните. Затоа инсистираме на систем во кој ќе има и развој и заштита, и инвестиции и одговорност, и ефикасни процедури и високи стандарди“, нагласи Божиновска.

Министерството, како што беше истакнато на средбата, работи на создавање законска рамка која ќе обезбеди предвидливост за инвеститорите, ефикасни и транспарентни постапки, јасно дефинирани надлежности на институциите, заштита на животната средина, одржливо користење на минералните ресурси и поголема вклученост на локалните заедници.

Особено значајно е што во подготовката на законите се користи искуство од повеќе европски држави и меѓународни практики.

Кристи Дизни Брукнер е меѓународен експерт со повеќе од 27 години професионално искуство во областа на рударското законодавство, политиките за минерални суровини и одржливото управување со природните ресурси. Во текот на својата кариера била ангажирана на развој, анализа и унапредување на законски и регулаторни рамки во повеќе од 70 земји, со искуство во различни региони и правни системи.

Проф. д-р Вјечеслав Боханек, професор на Факултетот за рударство, геологија и нафтено инженерство при Универзитетот во Загреб, е еден од истакнатите регионални експерти во областа на рударството и минералните суровини. Тој има директно искуство во процесите поврзани со подготовката на хрватската законска рамка и стратегијата во областа на рударството и управувањето со минералните суровини, како и долгогодишно академско и стручно искуство.

Од Министерството посочуваат дека експертската ревизија е важен чекор во процесот на финализирање на законските решенија, бидејќи овозможува дополнителна стручна проверка и споредба со искуствата на земјите членки на Европската унија. 

Министерството продолжува со стручниот и институционалниот процес за финализирање на Предлог-законот за геологија и Предлог-законот за рударство, со определба конечните решенија да бидат европски усогласени, современи, применливи и насочени кон одржлив развој на рударскиот сектор, но и кон заштита на јавниот интерес и природните ресурси на државата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тоневски: Инвестираме во подобри услови за учениците и спортот во Пробиштип

Следно

Проданоски: Прилеп останува посветен на еднакви можности за секое дете

Latest from Blog

Коњановски: Битола има со што да се гордее, Стефанија освои два медали во Торино

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, оствари средба со битолчанката Стефанија Димовска, ученичка во втора година во гимназијата „Јосип Броз Тито“, која од меѓународната олимпијада „IESO 2026“ во Торино, Италија, се врати со

Проданоски: Прилеп останува посветен на еднакви можности за секое дете

Во ООУ „Климент Охридски“ во Прилеп е ставена во функција новата, современо опремена сензорна соба и дефектолошките кабинети во рамки на Центарот за поддршка во училиштето. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски,

Тоневски: Инвестираме во подобри услови за учениците и спортот во Пробиштип

Општина Пробиштип ќе реализира значајна инвестиција во СОУ „Наум Наумовски-Борче“, со која ќе се подобрат условите за учениците и наставниот кадар, како и спортската инфраструктура во училиштето. Како што информира градоначалникот на

Ким Џонг Ун испрати порака до Путин: Цврсто стоиме покрај вас во светата војна против Украина

Вчера, Ким испрати одговор на честитката од Путин по повод 78-годишнината од основањето на Северна Кореја. Притоа, тој ја истакна цврстата решеност на Пјонгјанг да развива сеопфатна соработка со Русија, заснована на
Go toTop