ВИТКОФ И КУШНЕР МУ ПРЕДАДОА НА ПУТИН документ за крај на конфликтот во Украина – Трвди КРЕМЉ

September 6, 2026
1 min read

Специјалните пратеници на американскиот претседател, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, за време на разговорот со претседателот на Русија, Владимир Путин, разговараа за можните решенија за украинскиот судир, изјави претставникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.

„Американските претставници сериозно се подготвија за овој состанок. Не само што го изразија својот традиционален интерес за што поскоро завршување на борбените дејствија, туку и формулираа цела низа идеи во врска со можните патишта кон постигнување решение“, истакна Ушаков.

Помошникот на рускиот претседател исто така рече дека разговорот бил содржаен, исклучително искрен и доверлив, како и дека се покажал како корисен за двете страни.

„Што се однесува до одржаните разговори, руската страна даде јасни и сеопфатни проценки за ситуацијата што се одвива за време на Специјалната воена операција. Посебно беа истакнати реалните успеси на руската армија во напредувањето во зоната на борбените дејствија“, додаде Ушаков.

Така исто беше нагласена и потребата за отстранување на сите основни причини за судирот. Состанокот траел три часа и десет минути. Ова била осмата посета на Виткоф и Кушнер на Русија.

Трамп во петокот најави дека неговите пратеници ќе претстават предлог за завршување на судирот во Украина, но не откри детали за иницијативата.

Путин во вторникот истакна дека Москва е отворена за дијалог со сите што го сакаат тоа. Рускиот лидер подвлече дека претставниците на Белата куќа се секогаш добредојдени гости.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шалке го прекина проклетството: По 9 години не загуби од Баерн

Latest from Blog

Николоски: Старата чаршија во Гевгелија повторно блеска

Старата чаршија во Гевгелија добива нов лик, а вечерната атмосфера дополнително го истакнува нејзиниот обновен изглед. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека реализацијата на проектот е резултат

Хаос по смртта на најмладиот крал на светот: Како тоа не знаевме дека има син?

Претседателот Јовери Мусевени беше меѓу собраните на аеродромот Ентебе за да им оддадат почит. Кралот Ојо Њимба Кабамба Игуру Рукиди IV почина минатата недела во Соединетите Држави на 34-годишна возраст откако беше
Go toTop