Кои се најголемите трошаџии во летниот преоден рок?

September 2, 2026
1 min read

Заврши уште еден летен преоден рок, барем кога станува збор за лигите од „големата петорка“. И овојпат беше возбудливо, значително повеќе отколку во претходните години. Влијанието на Светското првенство беше очигледно, па многу екипи, особено премиерлигашите, не ги комплетираа своите состави сè до последните минути од преодниот рок.

Во „минута до 12“, Челзи го реализираше најскапиот трансфер во историјата на Премиер-лигата, откако го доведе Енцо Фернандез за 140.000.000 евра, со дополнителни 20.000.000 евра во бонуси. Со тоа го надмина трансферот на Александер Исак од Њукасл во Ливерпул.

Манчестер Сити беше еден од најактивните тимови на трансфер-пазарот по заминувањето на Пеп Гвардиола, па во клубот се регистрирани по девет влезни и излезни трансфери. Воедно, „граѓаните“ се и најголеми потрошувачи, бидејќи за нови играчи издвоиле дури 526.200.000 евра. Од продажбата на фудбалери, пак, заработиле 337.000.000 евра, па разликата од 189.000.000 евра е сосема прифатлива во денешни услови.

Втор на оваа листа е Челзи со потрошени 406.700.000 евра за 10 нови фудбалери. Но, за разлика од повеќето клубови на листата, лондонските „сини“ се ослободија од 12 играчи за вкупна сума од 447.800.000 евра, па на крајот се во плус од 41.000.000 евра.

Трет најголем потрошувач е Тотенхем, кој за само пет нови фудбалери потроши 336.350.000 евра, додека од продажбата на 11 играчи инкасираше 164.250.000 евра.

Следуваат Њукасл со 336.350.000 евра и Астон Вила со 300.000.000 евра. Треба да се напомене дека тимот од Бирмингем е во плус од 60.000.000 евра, најмногу благодарение на трансферите на Морган Роџерс, Езри Конса, Оли Воткинс и Јури Тилеманс.

На шестото место е Ливерпул, кој и ова лето повторно ја „разби касата“. За пет нови фудбалери клубот потроши 264.600.000 евра, а секако најскап беше трансферот на Бредли Баркола.

Актуелниот шампион Арсенал е на седмото место со 227.100.000 евра потрошени за засилувања, а веднаш зад него е Реал Мадрид, кој за своите четири засилувања издвоил 225.000.000 евра.

Најголемото изненадување меѓу топ 10 е Ипсвич, кој потроши 220.650.000 евра. Тимот мораше да се засили со дури 14 нови фудбалери за да може да биде конкурентен во Премиер лигата.

Топ 10 листата на најголеми потрошувачи ја комплетира Барселона, која за нови играчи издвоилa 184.000.000 евра.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МФ: Нови правила за јавните набавки – фокус на квалитетот, транспарентноста и конкуренцијата

Latest from Blog

МФ: Нови правила за јавните набавки – фокус на квалитетот, транспарентноста и конкуренцијата

Владата го усвои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, со кој се воведуваат повеќе решенија насочени кон модернизација на системот, зголемување на транспарентноста, подобрување на конкуренцијата и поефикасно

Катастрофата од Непал може да се случи на Алпите

Според германскиот претседател природните катастрофи како што се случи во Непал ќе стануваат се почести. Научните истражувања во последните години покажуваат дека затоплување може да влијае врз стабилноста на планинскиот терен. Трајното

Групацијата 4iG и SpaceX склучија прв договор во Европа за воведување на Starlink Mobile и Sovereign Solutions

Со оваа соработка се поставува нов стандард во индустријата во Европа Договорите во Тексас, САД, ги потпишаа Гелерт Јасаи, претседател и главен извршен директор на Групацијата 4iG, и Гвин Шотвел, претседателка и
Go toTop